Фудбал

Си нашол Мурињо со топка снег да го маваш

Жозе вечерва со Рома во Лига Конференции гостува на крајниот север каде го чека Бодо Глимт, екипа која му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата 6-1 на исто место пред неколку месеци.

Најголемите ќеифови кои ги теравме со Панини

По речиси половина век соработка, УЕФА раскина со Панини и се врза со нова компанија, ама нас Панини ќе ни остане во срце, бидејќи по многу патење доживеавме да ги лепиме и да се мењаме со Пандев, Елмас, Нестор и сите други јунаци, а му најдовме посебно место и на Мрме.

Менди си ги возеше европските прваци, а Анчелоти едвај издржа дуел со Валверде

Атрактивен, а на момент беше и забавен дуелот меѓу актуелниот европски првак и рекордерот со 13 титули. Бележиме уште две ситуации, кои можеби не сте ги забележале во пренос. Моментот кога пола тим на Челси не можеше да му ја земе на Ферланд Менди и скокот на Федерико Валверде кој му слета на Карло на рамо.

А го видовте ли Нојер што направи?

Виљареал го победи Баерн Минхен со 1-0 и сонува пласман во полуфинале на Лига на шампиони но ќе мора да издржи во реваншот во Германија. На мечот на „Естадио де ла Керамика“ најдобриот светски голман за малку ќе примеше гол од пола терен како во 2011-та година кога додека бранеше за Шалке, Дејан Станковиќ како играч на Интер му даде незаборавен еврогол.

Каков Виљареал ќе беше ова, голот на Баерн висел цела вечер

Додека сите очи синоќа беа повеќе вперени кон Стемфорд Бриџ каде гледавме дуел на титаните, во Шпанија Баварците и добро што поминале со 1:0.

Дилета знае и со фудбалска топка, не само со микрофон

Водителката на емисија за италијански фудбал, популарната Дилета Леота покажа што знае и со топка.

На Бензема му бараа легитимација на Стемфорд Бриџ, па после им покажа кој е

Дали е Петко, Станко или играч на Реал Мадрид, во Англија не гледаат, туку правила си се правила. За да влезеш, мора да имаш пропусница. Па за среќа, односно за несреќа на домаќините, добро што Карим ја нашол.

Славниот син на берберските народи - како Бензема стана легенда на Реал Мадрид

„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.

Добро од каде модава, вака да се изведуваат пенали?

Погба ли е крив или некој друг? Па тренерите треба да им ги забранат.

Фантастичен гол на Џовинко-помладиот

Додека брат му Себастијан, поранешниот играч на Јувентус сега е пред крај на кариерата во Сампдорија, Џузепе Џовинко дава одлични голови во Серија Ц за Таранто. На мечот против Монополи на кој победија 2-0, Џовинко-помладиот распали едно шутиште од четириесет метри.

20 секунди фудбалски циркуз во Малезија

А кој ли беше тој што влезе во терен кога фудбалерот во жолто дриблаше до аут линија и дали тој што ја шутна на крај има доручкувано? Абе не се повторува ваква акција, тоест две.

Нагатомо vs Кркиќ и Иниеста

Ако сте го подзборавиле јапонскиот бек кој се прослави во Интер, еве го се јави. По заминувањето од Серија А играше за Галатасарај и Марсеј, а од лани настапува за Токио. Има 35 години и е во добра форма. Му ја зема искусно на Бојан Кркиќ, а потоа го издрибла Иниеста за што заработи аплаузи и овации.

Поранешна Златна топка застана во одбрана на Украина

Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание. 

Карим Бенз А класа - Реал Мадрид го растури Челси среде Лондон, Виљареал сонува

Кралскиот клуб предводен од неверојатниот Карим Бензема со 1-3 го совлада англискиот претставник и обезбеди огромен капитал пред реваншот во Мадрид. Бензема со хет-трик го реши мечот. Виљареал уште живее во бајка, победен Баерн Минхен.

Фабињо, држи се поарно до танцот

Бразилскиот репрезентативец од Ливерпул синоќа одигра голема ролја во убедливата победа кај Бенфика. За првиот гол на гостите кој го даде Ибраима Конате, Фабињо тргна да слави исто како Африканецот, со лизгање на колена, ама добро е што не се прекрши и стана на нозе.

Десниот бек кој дава топки на тацна

Ливерпул ги има најдобрите бекови на светот во моментов. Лево ора брзоногиот Енди Робертсон а десно топки како со рака дели Трент Александер-Арнолд. Против Бенфика во Лига на шампиони беа главни автори на победата со сјајни додавања.

Тоти забавува маалска публика и ужива во аматерска лига

Живата легенда на Рома, 45-годишниот Франческо Тоти од 2020-та година сериозно се навлекол на аматерски фудбал 8 на 8. Тој игра за тимот Тоти Спортинг Клуб, основан во тренинг центарот на фудбалската академија која што ја води неговиот брат Рикардо. 

Невозможни одбрани, арапски коментатор полуде по Владимир

Во полуфиналето на Кралскиот Куп на Саудиска Арабија, Ал Феиха со 1-0 го победила фаворитот Ал Итихад. Најзаслужен за тоа бил ветеранот Владимир Стојковиќ, некогашниот голман на Црвена звезда и Партизан кој на свои 38 години имал неверојатни одбрани. Коментаторот полуде од возбуда.

Кога не ти оди, не ти оди па тоа е

Таков ден се погодил па мајсторот не можел да погоди ниеднаш. А му наместиле еден куп шанси за гол.

Формацијата на Ел Чоло 5-5-0 кој стигна до најнепопуларниот статистички податок

„Против вакво нешто не било лесно во праисторијата, не е лесно ниту денес, а нема да биде лесно ниту во наредните сто илјади години“, изјави Пеп Гвардиола за дефанзивата на Атлетико.

Дојди земи ja кај чичко ти Бекер ако можеш

Четата на Јирген Клоп целосно ја оправда фаворитската улога на првото четвртфинале против Бенфика кое го доби со 1:3. Алисон Бекер си дозволи да прави и керефеки, па си поигра еден на еден.

Де Брујн го проби дефанзивниот Атлетико, Ливерпул е блиску до полуфинале

Фудбалерите на Манчестер Сити се изнамачија 70 минути за да најдат лек за дефанзивната тактика на Симеоне и со минимален триумф ќе патуваат во Мадрид. Ливерпул оствари добар резултат на гости против Бенфика кој ветува пласман во топ 4.

За Руни најдобар гол во историја на Премиер лига не е неговиот со ножички, туку еден друг

„Како денес Сон и Кејн, така и јас и Робин соработувавме. Зборувавме многу, тој го имаше овој однос со Фабрегас во Арсенал и јас зборував многу со Робин за тоа што да напаравам ако ја добијам топката на време. Ќе ме видите како го барам Робин и ќе видите како Робин ја бара топката, тој контакт со очите ми дозволува да додадам, а тој да истрча“, вели Вејн Руни за евроголот на Холанѓанецот со Астон Вила.

Јувентус - Интер, селска верзија

Асоцира на хаосот околу пеналот на Чалханоглу, со таа разлика што тука судијава изгледа примил наредба од некој ко Ескобар, дека мора да досуди пенал и ГОЛ, по секоја цена.