Фудбал

Ретко видена турска мајсторија со рамо

Турците предводени од Монтела, славеа 3:1 против Унгарија во плејоф средбите од Лига на нации. Обрнете внимание на голот на Керем Актуркоглу. Се местеше да им ја забие со глава, ама на крај со рамо ја пикна.

Гол на Винисиус во 90+9-та минута каков што ретко се гледа

Бразилците сменија неколку селектори и се уште со големи напори стигнуваат до триумфи на патот во квалификациите за Светско првенство 2026. Кариоките ги води ветеранот меѓу тренерите, Доривал Жуниор. Синоќа Бразил ја победи Колумбија 2-1 со гол буквално во последни секунди од мечот, во 90+9-та минута од судиско продолжение на Винисиус Жуниор.

Панама го сруши САД во 93 минута, па славеа лудо со Анри

Сензацијата пукна во КОНКАКАФ Лигата на нации, каде Панама го елиминираше САД и тоа на гости со голот на Сесилио Вотермен во судиското продолжение. Стрелецот на голот му се фрли на Тиери Анри и му викаше в лице: Ти си мојот идол. Потоа му се придружија и другите во лудото славје. Француската легенда беше дојден во својство на стручен коментатор.

Втора младост на Перишиќ, даде голчиште против Франција и го мина Манџукиќ

Хрватска дефинитивно нема балкански менталитет. Таа не размислува како да и парира на Франција, една од најмоќните селекции во светот која заврши прва и втора на последните два Мундијали, туку излегува на терен и ја победува.

Лига на Нации: Хрватска посилна од Франција, Германија ја доби Италија на гости

Лига на нации се врати после долго време. Се играа мегдан дуели уште во четртфинале, за пласман на завршниот турнир каде ќе се решава победникот. Во Милано Германија после пресврт ја совлада Италија во европскиот класик. Во Ротердам Шпанија извади 2-2 со гол во последни секунди, во Сплит Хрватска го урна светскиот вицешампион.

Прекрасниот еврогол на Самарџиќ за Србија во Виена

Синоќа се одиграа бројни натпревари од Лига на Нации. Се одиграа четвртфинални дуели, а имаше и натпревари од баражот за опстанок во дивизиите или пласман погоре. Во Виена Австрија и Србија одиграа 1:1. Австријците први поведоа со 1-0 со прекрасниот гол на Грегорич во 37-ма минута а одличен резултат пред реваншот во Белград во недела на Србија и донесе фудбалерот на Аталанта Лазар Самарџиќ со исто така прекрасен погодок.

Мбапе симулираше пенал, Модриќ го искара

Хрватска ја доби Франција на првиот плејоф дуел од Лига на нации со 2:0. Килијан Мбапе се обиде да глуми пенал, ама доби лекција од својот 13 години постар клупски колега.

Вил Смит vs Кристијан Пулишиќ

Фудбалерот на Милан и капитен на САД, Кристијан Пулишиќ и познатиот глумец Вил Смит, пред натпреварот од полуфиналето на КОНКАКАФ Лига Нации меѓу САД и Панама, решиле да се пробаат на мало голче. Полуфиналните дуели САД - Панама и Канада - Мексико се играат на „Софи Стадион“ во Лос Анџелес.

Ако немаш 7.000 долари за Формула 1, маскирај се во редар

На дечкиве им успеало. Никој ништо не ги прашал. До ВИП простории стасале.

Четвртфинале на Лига на нации: Реприза на финалето од Светско 2018 и два европски класици

Вечерва ќе се игра новиот формат од нокаут фазата во Лига на нации. За првпат ќе се одиграат четвртфинални двомечи а победниците од тие натпревари ќе одат на завршниот турнир. Ќе има дури осум четвртфинални средби.

Тиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров

Тиквеш не го заборава Андреј Лазаров кој остави траг во кавадаречкиот тим.

Франција има напад кој тежи 120 гола и 50 асистенции

Се работи за седуммина напаѓачи кои заедно ја сочинуваат статистиката од насловот оваа сезона во своите клубови. Дезире Дуе (19) ПСЖ, Коло Муани (26) Јувентус, Осман Дембеле (27) ПСЖ, Бредли Баркола (22) ПСЖ, Маркус Турам (27) Интер, Килијан Мбапе (26) Реал Мадрид и Мајкл Олисе (23) Баерн Минхен. Половина од головите се на Мбапе и Дембеле. Инаку во плејофот од Лига на нации имаат двомеч против Хрватска. Првиот натпревар го играат вечерва од 20:45 на гости, а реваншот е во недела.

Јован Манев: Ова се многу тешки денови, ќе играме за нив

Со растреперен глас и видно вознемирен, дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација даде куса изјава пред првиот квалификациски меч против Лихтенштајн на гости, во сабота со почеток од 15 часот. „Знам дека тие би сакале да продолжиме и да се бориме за нашата земја“, вели Манев.

Најтажниот собир во соблекувалната на Шкупи

Фудбалерите на Шкупи се вратија на своите работни места, но скршени од болка, не успеаа да одржат тренинг.

Адриано по цел терен сам против сите

Колку беше јак, а како заврши. Одиме со еден легендарен гол на Адриано против Удинезе.

Чичко Хари Реднап за вистинитата: некогаш беше подобро

Англискиот фудбалски наставник во години, Хари Реднап со поголем или помал успех ги водеше Борнмут, Вест Хем, Портсмут, Саутемптон, Тотенхем, репрезентацијата на Јордан и на крајот Бирмингем Сити. Со Портсмут еднаш сензационално освои ФА Куп а најубав фудбал играше со Тотенхем во времето на Модриќ и Герет Бејл кога растураа по Европа. Сега од клупскиот тв канал го прашуваат Реднап кој играч би избрал од неговиот тим на времето и оној од сега во Тотенхем.

Врвниот маркетинг на Болоња

Италијанскиот фудбалски клуб Болоња сезонава првпат после цели 60 години заигра во најдобрата Лига на шампиони, во друштво на најсилните европски клубови. Болоњезите и сезонава одлично стојат на табела и бараат место за еврокупови. Во неделата со 5:0 го испрашија Лацио а луѓето кои го водат маркетингот на тимот уште еднаш докажаа дека сезонава се број 1 во Италија.

Лука Дончиќ врбува играч на Баерн да дојде во Реал Мадрид

Фантастичниот лев офанзивен бек а по потреба и стопер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис кој игра за Канада, се сретнал во Лос Анџелес со суперѕвездата на Лејкерс Лука Дончиќ по натпреварот со Сан Антонио Спарс. Си размениле дресови, а Лука во еден момент му вика: „Ќе дојдеш во Мадрид (Реал), нели? Ако дојдеш ќе ти го подарам дресов“.

Фудбалер на Работнички раскажува за незаборавното искуство на Олимпико во Рим

Во август 2011-та, Работнички одигра двомеч против Лацио во квалификациите за Лига Европа. Загуби 6:0 на гости и 1:3 дома. Зоран Ставрев пушти млади деца, меѓу кои Дарко Велковски на тогашни 16 години, Столе Димитриевски на 17, Дино Најдоски на 19. Кирил Трајковски тогаш имал 20 години. Се утепале од сликање. Не им се излегувало од стадион. Џибрил Сисе бил најголем чаламџија, а за Лацио тогаш играа и Клосе, Роки, Хернанес, Ледезема, Маури, Скалони...

Сам на себе си изведе аут

Јагелонија против Лех Познан. А претходно ја бришеше за да не му се лизне.

Промашување на сезоната какво што не се памети

На мечот кој Ференцварош го доби 4-0 против Кечкемет во 24. коло од унгарското првенство, домашниот стопер Ибрахима Сисе промаши нешто што според многу закони на физиката е потешко да се промаши отколку да се даде.

Терзиќ: Хуманитарниот меч против Вардар е најмалку што Ѕвезда може да направи за братска Македонија

Генералниот директор на Црвена Ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ го потврди пријателскиот натпревар со хумани цели. Ќе се игра на 16 април во Скопје.

125 години Ајакс

Фудбалскиот клуб Ајакс полека како да плови кон помирни води, по бурните неколку сезони во кои остана без главните играчи кои ги продаде, без членови на управата од разно-разни причини и други епизоди кои го следеа овој светски фудбалски гигант. „Копјаниците“ годинава слават 125-годишен јубилеен роденден, а навивачите и екипата го одбележуваа тој јубилеј преку разни настани.

Робен го повтори голот од финалето на Лига на шампиони

Баерн Минхен организираше „Бекенбауер Куп“ во мал фудбал во чест на својата најголема легенда Франц Бекенбауер и во чест на јубилејот 125-години од основање на клубот. На турнирот дошле ветерани, поранешни легенди на Баерн, Реал, Милан, Ајакс, Штутгарт. На крај Баварците славеле 4-0 во финале против Реал Мадрид. На дуелот против Борусија Дортмунд Арјен Робен постигнал буквално ист погодок како оној за победа во финалето на Лига на шампиони исто против Борусија Дортмунд.