Фудбал

Звукот на пречката

Не мал број големи мајстори на фудбалот знаеле да изјават дека понекогаш звукот на пречката или стативата после страшен шут од далечина им бил поатрактивен и од самиот постигнат гол. Конор Чаплин ја имаше таа чест на мечот Сандерленд - Ипсвич Таун (1:2) на стартот на англиски Чемпионшип.

Динамит на Хулк од слободен удар

Во дербито на 18. коло од бразилската Серија А, Атлетико Минеиро на гости го доби Сао Пауло со 0-2. Првиот гол беше дело на ветеранот Хулк кој и на 37 години уште распалува.

Синдром на стадо

Во генерална проба пред стартот на новата сезона, пријателска на „Местаља“ одиграле Валенсија и Астон Вила. Премиерлигашот славел 1-2 со головите на Оли Воткинс и Емилијано Буендиа, а после мечот еден куп навивачи на Валенсија дошле да се сликаат со непознат навивач на клубот од Бирмингем зошто мислеле дека е играч облечен во опрема од Астон Вила. И веднаш како прв така втор.

Дава Меси, ама дава и Роналдо

Ветераните продолжуваат да го импресионираат фудбалскиот свет, двајцата на други страни од светот. Лео Меси веќе се навикна на САД и има 7 погодоци на само 4 меча за новиот клуб Интер Мајами (кој од кој поубав), а Кристијано Роналдо во новата сезона исто често ги матира голманите. Сега во триумфот над мароканска Раџа Казабланка од 3-1 во Купот на арапските шампиони Кристијано постигна убав гол.

Како Онана прими гол од пола терен?

Нигерискиот голман за кого Манчестер Јунајтед плати 50 милиони евра прво дебитираше на пријателска во поразот од Реал Мадрид во Хјустон на 26-ти јули (0:2), а не се прослави ниту на вториот меч за новиот тим. На пријателска против француски Ленс, на „Олд Трафорд“ во првиот дел од мечот прими гол буквално од половина терен. „Јас сум крив, превземам одговорност“, рекол Нигериецот после мечот.

Арсенал прво израмни во 101-ва минута, па освои пехар на пенали

Првиот трофеј во новата сезона доаѓа на адреса на Арсенал откако „топџиите“ го победија Манчестер Сити на пенали. Прво поведе шампионот со прекрасен гол на младиот Палмер, но израмни Тросар буквално во последните секунди од мечот, во 101-та минута.

Нова магија на Меси, овојпат во Далас

Фудбалерите на Далас и Интер Мајами одиграа врвен меч со дури осум погодоци од кои два на Аргентинецот во 1/16 финалето на Лига Купот на Северна Америка. До 80’ минута од мечот Далас водеше 4-2 а потоа со автогол и нов чудесен гол на Меси од слободен удар Интер Мајами израмни на 4-4 и мечот отиде на пенали. А таму Лео и другарите славеа 3-5.

Сидорф со гол како во старите добри времиња

Легендарниот холандски фудбалер беше учесник во хуманитарниот натпревар меѓу тимот на Шевченко и тимот на Зинченко а средствата од овој меч одат за помош на луѓето загрозени од војната во Украина. Сидорф кој има 47 години постигна погодок со кој потсети на старите добри времиња.

Асистенција на летото во селска лига

Некои потегов го викаат „циркуска мечка“ и не е баш лесен за да се изведе. Акцијата ја крунисаа со убав гол.

Прскалици на сред акција во Лига Конференции

По ремито без голови во Солун, ПАОК на гости со 1-4 го растури Беитар Јерусалим со два гола во судиско продолжение. Мечот бил во прекин во вториот дел поради тоа што од нигде никаде се вклучиле прскалките. Управата на Беитар соопштила дека дошло до технички проблеми во системот за наводнување кој се наведува компјутерски.

Царот на задржување време

Во 2. коло од Лига Конференции, турска Адана Демирспор со 2-1 го совлада романски Клуж и со вкупен резултат 3-2 после два натпревари оди во следна рунда. Интересно беше како најдобриот играч на домаќините, Јунес Беланда реши да задржува време во последните секунди од мечот.

Супер гол на Роналдо со кој го спаси Ал Наср од испаѓање

Во 3. коло од групата Ц во арапскиот Куп на шампиони, Ал Наср играл со египетски Замалек. Египќаните повеле со 1-0 од пенал во 53’ минута, но Кристијано Роналдо постигнал гол за 1-1 во 87’ минута и донел бод со кој Ал Наср не испаднал туку оди во следна фаза.

Волеј на денот во изведба на Дрис Мертенс

Галатасарај потешко од очекувањата го победи литвански Жалгирис со 1:0 и со вкупен резултат 3:2 оди во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони каде ги чека Олимпија Љубљана. Победничкиот гол, еврогол, е дело на Дрис Мертенс.

На пролет работел како електричар, сега е на праг од Лига на шампиони

Клубот Клаксвик од Фарски Острови е главна летна сензација. Поминаа две рунди во квалификации за Лига на шампиони против далеку посилни и реномирани ривали, обезбедија најмалку Лига Конференции, а главен јунак им е голманот Јонатан Јохансон.

Мистичниот Клаксвик од Фарски Острови прави чуда на патот до Лига на шампиони

Откако го урна трофејниот унгарски Ференцварош, анонимниот клуб од Фарски Острови направи нова сензација во квалификациите за ЛШ и го совлада и шведски Хакен и обезбеди најмалку пласман во групна фаза од Лига Европа!

Никој така не го изместил Робертсон како Коман од Баерн

Баерн Минхен и Ливерпул одиграа спектакуларен меч во Сингапур, како генерална проба пред почетокот на новата сезона. Баварците славеа со 4-3 иако Ливерпул два пати водеше. Дуелот изобилуваше со атрактивни потези а многу се зборува за дриблинзите на Коман за кого немаше чаре ниту врвниот лев бек Енди Робертсон.

Џиџи Буфон на 45 години и дефинитивно стави крај

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон кој има еден куп трофеи во кариерата, со интересна фраза од цртан филм соопшти дека ја завршува својата играчка кариера.

Меси ја освојува Америка - два врвни гола на Лео

На мечот меѓу Интер Мајами и Орландо (3:1) кој важи за дерби на Флорида, аргентинскиот ас постигна два прекрасни погодоци и веќе после три натпревари има пет гола и една асистенција. Лео е на сите насловни страни во спортските изданија во САД. Интер Мајами се избори за 1/8 финале на КОНКАКАФ Лига Купот каде го чека Далас.

Кавани пред крај на кариера ќе заигра за тимот од соништата

Триесет и шест годишниот Единсон Кавани потпиша со Бока Јуниорс и во новата сезона ќе го носи дресот на овој клуб за што сонувал уште одамна.

Јунак на денот од квалификации за Лига на шампиони е словенечки голман

Првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига на шампиони меѓу Лудогорец и Олимпија во Разград заврши 1-1. На реваншот во Љубљана, во 90+2' минута Словенците поведуваат 2-1 со голот на ветеранот Тими Елшник. Во длабоко судиско продолжение, во 90+12' минута бугарскиот тим добива пенал.

Магија на Ансу Фати на Барса - Милан

На пријателската средба меѓу Милан и Барселона на која играа и новите засилувања на двата тима, шампионот на Шпанија на крајот славеше 1-0 со прекрасен погодок на Ансу Фати во 55' минута.

Харалампие и Анри на скијање

Леле на што налетавме. Секвенца од 489-та емисија на Бошко во која му гостува бате Ване. Неисцрпен извор за хумор е оваа комбинација во студио. Цела ја имаме изгледано.

Бугарите попија корпа и од Брегалница Делчево

Втор македонски клуб во еден ден открива дека добил понуда за купување од бугарската фондација „Македонија“. Првиот е Вардар.