Престојот во Саудиска Арабија на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот за сега е познат само по баналности. По сите историски апсолутни рекорди, јавноста очекуваше Кристијано да го смири својот темперамент во полу-аматерската лига, но тој напротив таму прави скандали и од натпревар во натпревар го руши своето со децении градено реноме. Имаше неколку дриблинзи кои сепак вреди да се погледнат.
Интер ја потопи Верона на гости со 0:6 и остана четврт на табела. Лаутаро Мартинез го понижи голманот со најслаткиот потег кога ќе ти се укаже ситуација еден на еден, а тоа што го изведе Турчинот, едноставно не се брани.
Фудбалерите на Манчестер Сити остварија важен триумф од 3:0 над Вест Хем Јунајтед во заостанатиот натпревар од 28. коло во Премиер лига и се вратија на лидерска позиција на табела. Халанд го оствари она што сите го чекаа.
По петардата против Ваљадолид на гости, Атлетико со иста мера удри и дома против Кадиз и го помина на табела градскиот ривал Реал Мадрид. И покрај високиот пораз од 5:1, сепак за издвојување е проектилот на гостите, ремек дело на извесен Чоко Лозано од Хондурас.
Во последно време многу популарни се лигите во кои играат легендарни ветерани. Во 2004-та година сензационален шампион во германска Бундеслига стана Вердер Бремен а лидер и прв стрелец на таа екипа беше Бразилецот Аилтон со дури 28 гола. Отсекогаш важеше за буцко кој има феноменална лева нога, а таков е и денес, цели 19 години по таа култна шампионска титула.
Легендарниот тренер кој освои голем број трофеи во кариерата како предводник на Абердин и Манчестер Јунајтед, има толку анегдоти од своите фудбалски патешествија, што од нив може да се изведат филмови, серии, книги.
8 порази и 2 нерешени со Евертон, па 6 од 6 со Челси. И тоа против големи екипи како Брентфорд, Брајтон, Вулвс, Саутемптон, па пак Брајтон, Вулвс, два пати Борнмут и така. За сега има тренерска кариера од соништата. Како Гери Невил.
Нема Италијанец кој не ја памети шампионската прослава на Фабио Гросо која со години се прикажува на најавните шпици. Прослава вредна светска титула. Овој малку подзаборавен лик, повторно стана актуелен.
Реал Мадрид доживеа уште еден пораз во шпанска Ла Лига откако синоќа со 2-0 изгуби од Реал во Сосиедад. Домашниот состав со нови три бода се зацврсти на место кое води во Лига на шампиони, а Реал денес би можел да го загуби второто место на кое цели Атлетико Мадрид кој има два бода помалку но и меч помалку. Дани Карвахал во 61-ва минута доби втор жолт картон и само три-четири минути подоцна објави смајли на Инстаграм од соблекувална.
Помалку (не)очекувано, доаѓа до сериозно ладење на односот меѓу Пари Сен Жермен и светскиот шампион Лионел Меси. Поради тоа што пропуштил тренинзи со екипата и без дозвола од клубот отпатувал во Саудиска Арабија, Меси е казнет од управата.
Цел град е обоен во сино бела боја. Од дуќани, тротоари, згради, коли, мотори па се до возови. На секој чекор се закачени знамиња и дресови од јунаците на Спалети, како и од безвременскиот Марадона. Ама има еден постер кој се разликува од сите други. Синиша Михајловиќ.
На дуелот меѓу Стал Мјелец и Корона Кјелце во полската Екстракласа, гостите поведоа први уште во 9-та минута преку Украинецот Кирил Петров кој даде неверојатен еврогол од преку половина терен. До крај домашните направија целосен пресврт и славеа 2-1.
Не знаеме што точно се случува во нашата четврта лига, ама сигурни сме дека до сега не се случило судија да постигне гол и мртов ладен да го признае. Холанѓаните тоа го доживеаа во истиот ранг. Неверно.
Извесен Thogden на Јутјуб го следат скоро 1,5 милиони фанови. Доживеал многу јаки фудбалски и навивачки патешествија и овој пат решава да се спушти во Неапол. Се меша меѓу навивачи од почеток до крај и целосно ја доловува неверојатна наполитанска страст за фудбал која експлодираше кога Наполи имаше водство за титула. Вакво нешто вели дека не се доживува во Англија.
Се остреа илјадници навивачи на Наполи во неделата на мегаломански начин да прослават скудето кое го сонуваат 33 години! Сè беше спремно, накитени плоштади, знамиња по тераси, бакљи од балкони, офарбани тротоари, украсени семафори. Наполи ја пречека Салернитана и со победа ќе беше промовиран во нов шампион зошто Лацио убедливо изгуби од Интер. Ама комшија ако не те зезне кој друг?
Баерн Минхен се обидува да ја спаси сезоната па откако испадна од Лига на шампиони и германскиот Куп, сега единствено чаре за да ги задоволи навивачите е титулата во Бундеслига. После 30 кола му бегаат само 1 бод на Дортмунд со кого се бркаат долго време и ќе се бркаат уште четири кола. Тренерот Тухел нашол начин како играчите да му бидат будни.
И во понеделничката сиромашна фудбалска програма ќе се најде по нешто примамливо и интересно. Како на пример дуелот за опстанок во Премиер лигата на кој во центарот на вниманието е голман.
Каква сцена ни доаѓа од Германија. Во првиот дел, некаде во 20-та минута од меч од трета лига меѓу Висбаден и Мепен, едниот линиски судија незгодно нагазува крај аут линијата во една дупка и се повредува. Како што во трета лига во Германија судат судиски бригади од тројца арбитри, главниот го прекинал мечот и ги пратил екипите во подтрибински простор.
Наполитанците се спремаат за историја. Лацио поведе во првиот дел против Интер на мечот од 12:30, резултат со кој ќе го одложеше огромното славје во Неапол, но Интер направи пресврт кој беше бурно поздравен од страна на навивачите на Наполи кои рокаа петарди на големо. Со триумф над Салернитана од 15 часот се и математични шампиони.
2010-та станува се подалечна година, ама на Интер и навивачите им е како да беше вчера. 13 години подоцна, уште го пречекуваат со сите нишани. Е тоа е Горан Пандев.