Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа до уште едно големо финале на Лига на шампиони откако вечерва на неверојатен начин, само онака како што тие умеат, го урнаа Баерн Минхен кој имаше водство до последните моменти од мечот.
Во 12 години долг и ултра богат арапски проект, Парижаните за тренери ги имаа Карло Анчелоти, Лорен Блан, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие, Луис Енрике. Никој од нив нема испишано приказна како Един Терзиќ.
При Манчестер Сити, Барселона, Интер, Атлетико Мадрид, ПСЖ кој очекуваше дека токму Борусија Дортмунд ќе биде првиот финалист сезонава во Лига на шампиони. Нека им е алал. Само двајца актуелни играчи беа дел и од она финале во 2013-та кога се сретнаа со Баерн, Марко Ројс и Матс Хумелс
По пауза од 11 години, Борусија Дортмунд обезбеди неочекуван пласман во финалето од ЛШ кое се игра на 1 јуни на Вембли, откако одново го победи ПСЖ со 0:1. Ги реши Хумелс на 35 години и настана најстар германски стрелец во нокаут фаза. Малерот на Парижаните продолжува.
Некогашниот европски првак игра во полуфинале на Лига Европа. Првиот меч против Аталанта заврши 1-1 а сега ги чека реванш во Бергамо. Пред првиот натпревар луѓето од маркетингот на Марсеј снимиле чудесна најава.
Само Интер и Милан имаат математички обезбеден пласман во ЛШ, каде за брзо време би требало да им се приклучат Јуве и Болоња. За петтото место викендов ќе се игра директен дуел. Постои сценарио и со шести италијански претставник.
Агер Акетче е еден од оние прави мајстори со топката. Игра за Еибар, баскискиот клуб кој во моментов е во втора лига и се бори за пласман во прва Ла Лига. На четири кола до крајот имаат добри шанси. Во неделата ја совладале Аморебиета 5-0 а Агер Акетче го извел најдобриот пенал на сезоната во најдобрите европски лиги.
Манчестер Јунајтед остана целосно без компасот кој милиметар не смееше да му мрдне на незаменливиот Сер Алекс Фергусон. Се надминаа себе си сезонава. Имаат повеќе примени голови од дадени.
Фудбалерите на Спортинг Лисабон ја освоија 20. шампионска титула во нивната клупска историја откако сјајната сезона ја крунисаа синоќа со победа од 3:0 против Портимоненсе. Во меѓувреме и Бенфика изгуби па „лавовите“ и теоретски ја обезбедија па прославија титулата.
Индепендиенте дел Ваје со 1-0 го совладал Депортиво Куенка во Еквадор, а единствениот гол на мечот го постигнал чудесниот талент на Индепендиенте, Кендри Паез. Овој фудбалер на 4-ти мај пред неколку дена наполнил 17 години. Челси за него на почетокот на јуни минатата 2023-та година платил 10 милиони евра а Кендри Паез во Лондон ќе се пресели на лето 2025-та година.
Новиот германски шампион Баер Леверкузен продолжува да ја воодушевува светската фудбалска јавност, откако го совлада Ајнтрахт Франкфурт на гости 1-5 во 32. коло од Бундеслига и ја продолжи неверојатната серија.
Тренерот на Ипсвич, Ирецот Киран Мекена направи чудо откако овој клуб прво го внесе од трета во втора лига, а сега и во елитната и богата Премиер лига. Ќе се мери со Гвардиола, Артета и најдобрите премиерлигашки тренери.
Со десна, со лева и со глава - хет трик во фудбалот познат како перфектен. Во 30. коло од саудиската Про лига, Ал-Наср со 6-0 ја совлада Ал-Вехда. Кристијано Роналдо постигна три гола, а по 1 Отавио, Садио Мане и Мохамед Ал-Фатил. Португалецот стигна до бројка од 32 гола на 27 меча во саудиската лига а има и 10 асистенции. Ова беше трет хет-трик за Роналдо на последните седум меча, дури 66-ти во кариерата а тој полека се приближува до фасцинантната бројка од 900 гола во кариерата.
„Кралскиот клуб“ и дефинитивно ја освои шампионската титула во Ла Лига со што стигна до 36. шампионски пехари во шпанското првенство во својата историја. Реал го совлада Кадиз со 3:0 а Барселона неколку часа подоцна загуби во каталонското мини-дерби од Џирона 4:2 и „кралевите“ и теоретски ја освоија титулата. Ова значи дека од оваа генерација се најтрофејните играчи во славната историја на големиот клуб.
Манчестер Сити го разби Вулверхемптон со 5-1 (3:0) во натпревар од 36. коло од Премиер лига на кој Ерлинг Халанд постигна четири гола, а еден даде неговиот ортак од нападот Хулиан Алварез.
Фудбалерите на Реал Мадрид се шампиони на Шпанија по 36. пат откако во саботата доцна попладне со 3:0 го совладаа Кадиз и го искористија поразот на Барселона од Џирона 4:2 во натпревар кој се играше подоцна.
И покрај тоа што е дел од фамозната Сити Груп во која припаѓаат Манчестер Сити и уште некои други богати клубови, француска Троја игра очајна сезона во втора лига. На 17-то место се, со 38 бода и речиси сигурно ќе испаднат во трета лига. Во петокот вечер Троја играла против Валенсиен кој е одамна испаднат и последен на табела. При резултат 1-1 домашните навивачи револтирано фрлале бакљи на терен и судијата го прекинал мечот во 88’ минута.