Фудбал

Нова бламажа на Роналдо после фруструција за поништен гол

Со ваков однос и толеранција, човеков едноставно само се брука што уште игра фудбал. Се нервира што не може да даде гол на пријателска против Ал Шабаб, мислиш игра финале на Светско против Аргентина. Прво му го поништија, после излезе нервозен каков што е често во Саудиска Арабија со 200 милиони годишно и на крај го испрска камерманот со вода и го набрка со прстот. Има ли повеќе Кристијано Роналдо некакво ниво?

Фото на денот

Едуард Менди (Сенегал), Риад Будебуз (Алжир), Џани Алиоски (Македонија), Роберто Фирмино (Бразил) и Ријад Марез (Алжир). Вака некако од сега ќе изгледаат тренинзите на Ал Ахли, респектабилен тим во кој нашиот репрезентативец е во убаво друштво.

Навивачкиот бес кога ќе изгубат твоите од некој од Андора

Позната ни е оваа Андора нас, ама ај да не се враќаме. Хиберниан овој пат го изеде срамот во Конференциска лига. Загуби 2:1 на гости од Интер Клуб д'Ескалдес. Реакцијата на шкотските навивачи ќе ви покаже какво е чувството да загубиш од аматери на меѓународен меч. Една од трибините што се гледа во кадар им е брдо.

Најглупиот фаул што ќе го видите во фудбалот

Играат Ал Сад од Катар и Видад Казабланка од Мароко. Не ни е јасна намерава на ликов. Прво го држеше за врат како на некоја боречка вештина, а со другата рака му брцаше со прстот во око или така нешто.

Казахстански волеј на неделата

Базел како фаворит се соочи со големо изненадување во Конференциска лига против Тобол од Казахстан. На полувреме водеа 1:0, а во второ им се случи крах. Добија два црвени картони и примија три гола. Двајца гостински играчи во иста акција запнаа да постигнат еврогол. На првиот не му успеа. На најавни шпици ќе заврши Рамазон Оразов.

Големиот кикс на голманот на Левски и срамното промашување на Бразилецот Дуду

Да видиме и некоја фудбалска содржина од мечот Шкупи - Левски кој мина во знакот на навивачите и нивните насилни нагони. Македонскиот претставник во Конференциската лига загуби 0:2, а при нерешен резултат испушти чиста 100% шанса за гол.

Интер и Серија А не го забораваат Пандев

Македонската фудбалска икона одбра прекрасен начин како да го прослави својот 40-ти роденден. Со децата од Струмица на кои им организираше отворен ден во својот клуб со многу дружење. Во меѓувреме пристигнаа честитки од земјата каде блесна и остави голем белег изминативе 20 години. „Од Примаера до врвот на светот“, напишаа од Интер.

Бензема распали на дебито со голчиште и асистенција

Карим Бензема, човекот со 200 милиони евра годишна плата, бележи фантастичен старт во Саудиска Арабија. Ал Итихад го совлада Есперанса од Тунис со 2:1 во арапскиот Куп, а заслугите одат на негова адреса, бидејќи се избори за пресврт со убава асистенција и прекрасен гол.

Како е можно да изгледа составот на Интер Мајами?

Велат дека со Иниеста и Жорди Алба договорена е работата, но ако на крај излезат точни муабетите и за другите, тогаш дефинитивно овој тим ќе биде многу интересен за гледање.

Гранде Пандев ја прослави 40-та со децата од Струмица

Македонската фудбалска легенда организираше фудбалско роденденски ден на теренот на Брера Струмица, а гости му беа најмладите меѓу кои ќе се бараат негови наследници.

Прав другар

Е кога ќе те земе на стадион и ќе го раскажува натпреварот на увце, во обид да ти го долови тоа што си спречен да го видиш. Ова е тоа кога ќе речат „Фудбалот е повеќе од игра“.

Бугарите се жалат на тревата на Градски

Шкупи вечерва ја пречекува Левски Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Замерките на гостите за нашиот најголем и најубав стадион им се на место.

Старото добро трио

Ако навивачите на Барса нема никогаш да ги заборават маестралните Чави, Иниеста и Бускетс, кај оние на Реал од момерија нема да излезат Модриќ, Крос и Каземиро. Се сретнаа синоќа во САД на пријателска која кралевите ја добија со 2:0. Незаменливи и неприкосновени за време на хет-трикот во ЛШ (2016, 2017, 2018) под водство на Зидан. Инаку Модриќ и Каземиро заедно освоија 5 титули во Лига на шампиони со Реал, а Крос има 4.

Делегацијата на Ал Хилал попи корпа во Париз

Агресивната навала на Арапите со купување фудбалски ѕвезди од Европа со многу пари, не може да упали секаде. Безобразниот обид со Мбапе им пропадна.

Ќе нема летово друг еврогол како овој на Фенербахче

Фудбалерите на Фенербахче целосно ја оправдаа фаворитската улога против Цимбру од Молдавија во Конференциската лига и го торпедираа со 5:0. Деби гол постигна Един Џеко, но посебно внимание заслужува мајсторлукот на 23 годишниот Ферди Кадоглу, кој на асистенција на Душан Тадиќ постигна страшно голчиште.

Реал го победи Манчестер со два велемајсторски голови на новите засилувања

20 годишниот Џуд Белингам и 33 годишниот Хоселу и приредија празник за очи на американската публика. Реал Мадрид славеше против Манчестер Јунајтед со 2:0, а новите имиња во таборот на кралскиот клуб се истакнаа со два фантастични погодоци. И навивачите на Јунајтед се чудеа за вториот.

Минута молк на Вардарци во Златибор за жртвите од скопскиот земјотрес

Тренерот на Вардар, Бобан Грнчаров ги потсети фудбалерите на Вардар што значи за Скопје датумот „26 јули“ и го прекина тренингот за момент, за да им одадат почит на трагично загинатите.

Најтажниот фудбалски пренос од Градски вршен по земјотресот

За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.

Сите мислеа ќе ја подава, а тој ја реши на мајсторски начин и тоа во 94-та

Средбата е во Аргентина меѓу Институто Кордоба и Ланус, а јунакот се вика Адриан Мартинез. При резултат 1:1 во самиот финиш, од соиграчи, противници, голман па до коментатор, сите мислеа дека бара решение да се извлече од шеснаестник или да ја даде, а тој измисли нешто сосема трето.

„Каде сте големи газди, фирми, компании, легенди да одвоите 1.000 денари за Вардар?“

„Кога би се одвивала ваква акција во клубови како Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо можеме да замислиме каков би бил одзивот“, вели Филип Гачевски.

Што се случуваше на стадион кога Меси беше изваден од игра?

Го заменија во 78 минута на добиен меч при резултат Интер Мајами - Атланта Јунајтед 4:0. Потоа толку од интересот. Не бива фудбал без магнетот за публика.

Новата прослава на Меси

Два меча, три гола за Лео Меси кој одново ја забавуваше и ја воодушеви публиката во Мајами. Овој пат против Атланта Јунајтед кој го добија со 4:0, му направи „живели“ на Бекам.

Новото шоу на Меси во Мајами содржи два гола, асистенција и победа од 4:0

Само четири дена откако дебитираше спектакуларно со слободен удар во 94-та минута вреден триумф, Меси одново блесна во новата средина.

Готово е со Мбапе а?

Добро бе од кај му го ископаа двојников? Исти се. Некој може и да се насанка.