Комшиското дерби меѓу Шкотска и Англија отсекогаш носело големи тензии. Така и синоќа, на пријателска средба, се исвиркуваа двете химни, се скандираа погрдни песни и се навредуваа едни со други. На крајот подобриот победи 1-3, со автогол на Хари Мегваер. Којзнае кој автогол му е во кариерата.