Интер по петти пат по ред му го зема скалпот на градскиот ривал, а вечерва го забележа еден од најголемите триумфи против Милан во историјата: 5-1. Резултатот го отвори Михтарјан, Тирам зголеми на 2-0, Леао намали а до крајот со росонерите си поиграа уште и Михтарјан по втор пат, Чаланоглу и Фратези.