Фудбал

Нов гол на Миовски, број 17 сезонава

Абердин е дефинитивно зависен од македонскиот центарфор, кој безмилосно ги тресе противниците во Шкотска речиси на секој меч.

Како се поминува кај редар на Куп на африкански нации

На Купот на африкански нации во Брег на Слонова Коска полека привршува групната фаза а таму навивачите видоа сè и сешто, од драми и голови во длабоко судиско продолжение до неверојатни пресврти. Социјалните мрежи дискутираат и за тоа како на врата се прегледуваат жените. Од жена очигледно, не како што на прв поглед се мисли.

Џејмс Милнер го надмина Рајан Гигс на вечната листа

Некогашниот англиски репрезентативец, 38-годишниот Џејмс Милнер уште игра на највисоко ниво, во Премиер лига, за одличниот Брајтон. На мечот во понеделникот вечер против Вулверхемптон, Милнер се искачи на високото второ место на вечната листа во Премиер лига.

Мане еднаш во сто пати промашува ваква шанса

Сенегал ја победи Гвинеја со 2-0 и убедливо со три победи и 9 бода оди во осминафинале на Купот на Африкански нации. Капитенот и лидер на репрезентацијата Садио Мане промаши нешто што скоро никогаш не го промашува.

Килијан не се презивал Мбапе, а ниту Ембапе, сам ќе ви објасни

Француската мега ѕвезда, која на само 19 години стана светски првак, им направи проблем на сите новинари кои ќе сакаат да бидат прецизни во теркот, „Се пишува, како што се изговара во родната земја“.

Инвазија на Кинези во хотелот каде спиеше Роналдо

Ал Наср отпатува на турнеја во Кина каде требаше да одигра неколку пријателски натпревари, ама ја одложи поради повреда на Кристијано Роналдо. Кога разбраа неговите фанови, упаднаа во хотелот каде престојуваше нивниот идол, а тој им се извини на прес.

Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Ново контроверзно видео на кралевите, овој пат од Винисиус

Не стивнуваат реакциите од хаотичното судење на мечот меѓу Реал и Алмерија кој домаќините го добија 3:2 после негатива од 0:2. Се појави нов клип кој предизвика многу коментари и на кој се гледа како Винисиус игра валкано со лакт. Од ВАР сигнализирале прекршок, но откако главниот судија побарал да провери, судиите во ВАР собата замолкнале.

Како на времето со Пандев, така и сега со Симеоне, Мацари ги бојкотираше наградите

Интер е освојувач на пехарот во италијанскиот Суперкуп одигран во Ријад, Саудиска Арабија откако синоќа со гол во 90+1’ минута од судиското продолжение на Лаутаро Мартинез стигна до заслужен триумф над Наполи.

А фелшот на Жоао Феликс во 90-та минута?

На многу натпревари викендов паднаа многу голови. Меѓу мајсториите кои можеа да се видат, она што не се пропушта е потегот на Жоао Феликс со кој Барселона поведе на гостувањето против Бетис на 2:3. Префинет мајсторлук и елеганција има во ваквите погодоци.

Секој башка будала

Во турскиот фудбал нема мирен викенд. Или има некоја тепачка и прекин или има чудни судиски одлуки или нешто трето. Сега после мечот од втората лига на Турција меѓу Генчлербирлиги и Сакарјаспор кој домаќините го добиле 3:1, гостинскиот фудбалер Мурат Џем Акпинар решил на судијата Јасин Авџи да му се направи паметен па заслужено си доби втор жолт и црвен картон.

Најчудниот гол месецов падна во Шпанија

Осасуна го совлада Хетафе 3:2 со голот на Хесус Аресо во 80’ минута од мечот. Чудна траекторија фати топката па не ја бранеа ни двајца голмани.

Хет-трик на Довбик за 6 минути, Жирона не застанува

64 години не се случило некој во Шпанија да постигне три гола во првите 19 минути од мечот. На Украинецот Артем Довбик тоа му успеа во 13, 15 и 19 минута, откако Севиља поведе 0:1 во 10 минута. Циганков и Стуани постигнаа уште два гола во вториот дел за победа од 5:1 и пласман на Жирона на прво место, со бод повеќе од Реал кој има натпревар помалку.

Интересен совет на третиот голман на Јуве за Филип Костиќ

На полувремето од мечот меѓу Лече и Јуве кое заврши без голови, камерите во тунелот го фатиле Карло Пинсољо со муабет, кој мислевме дека е повеќе некоја селска филозофија, а не муабет за во една Серија А. 

Грабежот на судиите и Реал Мадрид за неправеден пресврт

Реал Мадрид штотуку го освои шпанскиот Суперкуп откако ја разби Барселона и се врати на обврските во Ла Лига, а таму на мечот со Алмерија се случија неколку тешки судиски грешки и „кралевите“ после убедлива негатива 0:2 на полувреме, на крај славеа 3:2.

Пас игра на Интер како по ноти

60% посед на топка, 23 удари од кои 7 во рамки на гол, наспроти 0 удари во гол на Лацио. Интер не само што славеше убедливо 3:0 во полуфиналето од Супер Купот на Италија, туку и тотално ги надигра Лацијалите. Финалето против Наполи е вечерва со почеток од 20 часот. Погледнете ги како везеа и тоа при решен натпревар.

Како мафијата го упропастува бугарскиот фудбал

Легендарниот бугарски фудбалер, по примерот на нашиот Горан Пандев и по примерот на Немања Видиќ, со години се обидува да промени нешто во раководењето со бугарскиот фудбал ама нема простор. Еве што кажува за бугарскиот сојуз. Бугарите од осми на светот на ранг листата на ФИФА на времето кога стигнаа дури до полуфинале на Светско, паднаа на самото дно со аматерски селекции.

Првото акцииште на Интер Мајами во изведба на четворката од Барселона

Луис Суарез дебитираше за Интер Мајами во подготвителен меч против Салвадор кој заврши без голови. Славната четворка од Барса режираше акција која ќе беше топ тема, доколку Меси на крај реализираше. Нафрли Алба до Суарез кој со повратна топка го најде Бускетс. Следуваше маестрално двојно проигрување меѓу Бускетс и Меси.

Втор меч, втор гол за Миовски во 2024-та

Македонскиот центарфор, Бојан Миовски продолжува да стрела во дресот на Абердин, овој пат во рамките на шкотскиот Куп.

Антоан Гризман сам против сите

Атлетико и Реал одиграа спектакуларно осминафинале во Купот на Шпанија кое во регуларните 90 минути заврши 2:2. Гризман во 100-та и Рикелме во 119-та ги торпедираа Кралевите и ги елиминираа со 4:2. Францускиот напаѓач ја понижи цела одбрана, со се голманот.

Каква плејстејшн акција на ПСВ Ајндховен

ПСВ Ајндховен игра фантастична сезона во холандскиот фудбал. „Филипсовци“ се убедливо први на табела со неверојатен учинок 17-0-0. Немаат ниеден пораз во првенство а одлично играат и во Купот на Холандија каде синоќа со 3-1 го совладаа Твенте и се пласираа во четвртфинале. Една акција доловува во каква форма се сезонава.

Врвно изненадување на легендите и навивачите на Лацио за Свен Горан Ериксон

Легендарниот шведски стратег пред неколку дена соопшти дека му пронашле тумор и дека не му престанува уште многу време. Во Шведска му дојде гостин од Италија кој му пушти видео кое го расплака.

Како модерниот фудбал го прегази Мурињо?

Сè уште е генијалец кога е во прашање подготовката за неговиот следен противник и сè уште е неверојатно харизматичен лик. Но сега тој е осуден на споредни улоги.

Двата еврогола на Душан Влаховиќ кои го држат Јуве во борба за скудето

Во последниот меч од 20. коло од Серија А, Јувентус со 3-0 го разби Сасуоло и ја продолжи неизвесната трка со Интер за првото место. Јуве носен од Душан Влаховиќ кој постигна два феноменални гола и еден на неговиот компањон Кјеза, ја забележа 15. победа во сезоната и има 49 бода, два помалку од лидерот Интер.