Фудбал

Душичка, па кажете ѝ бе

На Светското фудбалско првенство за фудбалерки до 17 години, Мароканките со 11-0 ги совладале девојчињата од Нигер У-17. Голманката на Нигер во еден момент заборавила на правилото за гол-аут и топка од игра.

Најчудниот автогол во Бундеслига кој го прими босански голман

Томислав Пиплица имаше солидна голманска кариера. Од Искра Бугојно преку Загреб, Сегеста и Самобор стигна до германски Енерџи Котбус. За овој клуб бранел на 248 натпревари но се памети по автоголот на мечот против Борусија Менхенгладбах во сезоната 2001/2002.

Во Премиер лига поставен нов рекорд за најбрз трк

Мики ван де Вен има 22 години и веќе е стандарден стопер во Тотенхем каде дојде во август минатата година. Младиот Холанѓанец веќе има два настапи за репрезентацијата на Холандија, а на мечот против Брентфорд на 31-ви јануари поставил нов неверојатен рекорд како најбрз играч во Премиер лига. При еден спринт постигнал брзина од 37,38 км/час и тоа е најбрз трк во историјата на англиската лига.

Реинилдо и Гризман со два груби стартови, првиот со две нозе и без памет

Барселона и Реал Мадрид се елиминирани во Копа дел Реј, а натаму тргна и Атлетико кој за пласман во финале ќе има тешка задача во Баскија. Чудни судиски одлуки паднаа во Мадрид.

Жињак на денот

Триесет и осумгодишниот француски центарфор Андре-Пјер Жињак кој во Мексико игра веќе цели девет години, повторно постигна прекрасен гол за неговиот Тигрес, овојпат на почеток на плејофот во северноамериканската Лига на шампиони, против Ванкувер на гости. Жињак од слободен удар во 88’ минута му донесе супер резутат на мексиканскиот состав 1-1 пред реваншот.

Ривер извади ново дете кое стана најмлад стрелец во историја

Во рамки од аргентинскиот Куп Ривер Плата играла против нисколигашот Ексурсионистас и славела 3-0. Ова било прилика тренерот Мартин Демикелис да проба некои помлади играчи, па шанса добил и 16-годишниот Франко Мастантуоно. Овој фудбалер е роден во август 2007-ма година, игра за Аргентина У-17 а влезе во клупската историја на Ривер како најмлад стрелец на гол на своето деби.

Меси направи шоу во Јапонија

Интер Мајами по арапската турнеја во Саудиска Арабија каде играше со тамошните најсилни клубови Ал Хилал (пораз 4:3) и Ал Наср (пораз 7:0), продолжи на турнеја во Азија. Играа со Хонг Конг и победија 1-4 а синоќа на пенали изгубиле 4:3 од јапонски Висел Кобе. Меси влегол во 60-та минута од мечот и правел шоу за сите кои дошле да го видат.

Еврогол на Енцо Фернандез за кој нема чаре

Челси, кој на 25 февруари ќе игра во финалето на Карабао Купот против Ливерпул, ја мина четвртата рунда во ФА Купот откако ја елиминираше незгодната Астон Вила со 1:3. Аргентискиот репрезентативец за кој Сините на Бенфика и платија 107 милиони фунти, се истакна со многу јак слободен удар, кој голманот успеа само да го прочита.

Але го внесе Брегот на Слонова Коска во финале за лудница во Абиџан

Репрезентацијата на Брег на Слонова Коска откако едвај помина групна фаза како третопласирана селекција благодарение на други резултати и дури го отпуштија селекторот по дебаклот 0:4 од Гвинеја, стигна дури до финалето на Куп на Африкански нации кој се игра во нивната земја. Во полуфинале Брегот на Слонова Коска го победи ДР Конго 1:0 со голот на Себастијан Але во 65’ минута. Во финале ќе играат со Нигерија на 11-ти февруари.

Грд старт врз Мбапе, го гледаш и мислиш 2 години нема да заигра

ПСЖ синоќа го совлада Брест во Купот на Франција со 3:1 во натпревар на кој Мбапе веројатно се соочи со најголемиот страв за својата кариера, барем така изгледа на видеово. Му влезе Лилијан Брасиер во 69-та минута, директно на зглоб, но Мбапе, кој беше еден од стрелците, за чудо го одигра мечот до крај.

Игранка на Роналдињо на мал простор пред точно 20 години

Дај му ја во средина или пред шеснаесетник, ќе им го помати умот на сите и гол ќе даде. Дај му ја во шеснаесетник, па и на ваков начин како отпадок, пак ќе ги понижи во одбрана. За најмладите кои не го фатија неговото време, нека се посветат повеќе на неговите лудории на Јутјуб, нема да зажалат. Ова е пред точно 20 години против Осасуна за победа од 2:1.

Анегдота на Галијани за недисциплинираниот Роналдињо кој го нервирал Алегри

Масимилијано Алегри и Златан Ибрахимовиќ соработуваа една сезона во Милан и ја крунисаа со Скудето. Ама не било сè така розево.

Баер е спектакл за гледање, голчиштево ни Кан не го брани

Тимот на Чаби Алонсо не само што води битка за титулата во Бундеслигата, туку ако продолжи во овој стил ќе може да се радува на двојна круна. Синоќа два пати губеа од Штутгарт во Купот и на крај славеа со пресврт од 3:2 во 92-ра минута за пласман во полуфинале. Роберт Андрих го има потегот на мечот со префинет удар во агол.

Клизач за орден, тројца ги посоки, со се неговиот

Дефанзивец на англискиот петтолигаш Халифакс, се надмина себе си и постави нови фудбалски стандардни за игра во одбрана. Со еден потег им влезе на тројца, ама она домаќински, од кои еден е од негова. Епилог? Пенал за гостинскиот тим Солихал за триумф од 1:3.

Небесен излез од пресинг

На потегов би позавиделе Пирло, Савичевиќ, Давид Силва и Ријад Марез. Дечково си обезбедил влезница во редот на мајсторите со најдобри излези од пресинг.

Само е февруари, а Миовски веќе има 20 гола, во Шкотска е главен хит

Во минатото коло Абердин одигра 1-1 против шампионот Селтик а злато вредниот бод им го донесе Бојан Миовски, македонскиот центарфор кој игра во животнa форма во Шкотска. Синоќа постигна гол и против вториот шкотски гигант Ренџерс и отвори широка дебата околу неговата иднина.

Кам бек на Ибра на Сан Ремо, овој пат со хит од Лепа Брена

Три години после дебито на најславната музичка сцена во Италија, Златан Ибрахимовиќ повторно се појави на Сан Ремо, овој пат со друга негова српска музичка желба.

Бојан прави шоу: по Селтик, Миовски го матираше и Ренџерс

Македонскиот репрезентативен центарфор продолжува со сјајните партии и заслужено е во фокусот на британската фудбалска јавност. Откако постигна прекрасен гол против гигантот Селтик, Бојан Миовски вечерва ја затресе мрежата и на вториот најтрофеен шкотски клуб Ренџерс и тоа на култниот стадион „Ајброкс“.

Перфектната асистенција до Батчуаи, Бонучи ја вежбал на тренинг

Барем така тврдат од Фенербахче, кои споредија две видеа, ги залепија во едно и ги објавија на своите социјални профили. Инаку асистенцијата на италијанскиот ветеран, кој на 36 години се реши од германска да се впушти во турска авантура е од викендов од мечот Анталијаспор - Фенербахче 0:2.

Сите голови на големиот Кристијано Роналдо на едно место

За да се опишат сите трофеи, медали, пехари и голови кои во кариерата ги постигна Кристијано Роналдо ќе треба страници и страници. Некој негов следбеник направил мегаломанска работа за која и самиот Португалец треба да му биде благодарен. Ги собрал сите негови голови во кариерата и ги ставил во едно видео кое трае скоро 3 часа! Кристијано има официјално повеќе од 850 голови за клуб и репрезентација со што е најдобриот стрелец во историјата на фудбалот на сите времиња.

Инспиративната приказна на јунакот од Лас Палмас

Кириан Родригез е 27 годишен фудбалер, не баш познат надвор од Шпанија. Со својата издржливост и одлучност стана симбол на неговиот тим и испирација за цел свет.

Матераци го пецна Јувентус

Интер го совлада Јувентус во дербито на Италија со 1:0 и се одлепи бодовно на табелата каде има четири бода повеќе и меч помалку од бјанконерите. Гостите од Торино како и многу пати сезонава, играа деструктивно, одбранбено и без некоја посебна идеја за противничкиот гол. Тоа го искористи некогашниот стопер на Интер Марко Матераци кој ги пецна со фотографија.

Гигантските стадиони на кои ќе се игра Светско 2026-та

Веста дека ФИФА ги соопшти стадионите на кои ќе се игра следниот Мундијал 2026 во САД, Мексико и Канада ги заинтересира љубителите на Светски фудбалски првенства, а особено љубопитно се коментираа арените на кои ќе се игра првиот и последниот меч.