Навивачи

Тргнаа на мечот против Тунис, стигнаа против Ангола

Македонската ракометна репрезентација никогаш не игра во празни сали на големите натпреварувања, а тоа се должи на упорните македонски навивачи кои и со авто стоп би заминале да ја бодрат. Ова се тројцата најупорни кои до Мец патуваа со таксист од Русија, два авиони од Грција, па воз и рент а кар од Франција.

Феноменален потег на навивачите на Морекомб

Џим Бентли, тренерот на Морекомб после декемврискиот домашен меч од ФА Купот добил суспензија од два меча и казна од 750 фунти. По мислењето на ФА, Бентли често го напуштал техничкиот простор и ги загрозувал противниците и судијата кој му дал црвен картон во 39’ минута. Навивачите после сè не го оставија на цедило и собрале 1.000 фунти коишто синоќа му ги дале за казната после триумфот од 4:1 во првенството.

Седум флаши вино за седумте гола против Рома

Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.

Јувентус има повеќе навивачи од Интер и Милан заедно

Ако се прецизни овие истражувања, тогаш излегува дека актуелниот шампион на Италија има 181.000 навивачи повеќе од двете екипи од Милано, а интересно е што најголемиот дел од нив не се од Торино и околината.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.

Најдобриот навивачки момент за 2016-та

На 14-ти април годинава, Ливерпул и Борусија Дортмунд одиграа луд меч со дури 7 гола. „Црвените“ со гол на Ловрен во 97’ минута славеа 4:3 и се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, но мечот го одбележи заедничкото пеење на You''ll never walk alone на Германците и Англичаните пред почетокот.

Македонските Топџии кои 10 години заедно дишат со Арсен Венгер

Нашето јубилејно 10-то запознавање со фан клубовите од Македонија е со навивачите на Арсенал кои веќе една деценија се организираат во чест на нивниот омилен клуб. 150 се регистрирани членови, а 80 од нив беа неодамна на гостување во Софија на ЛШ, каде урлаа од радост на пресвртот кој го направи Озил со мајсторија во финишот.

На кои стадиони има фантастична атмосфера?

Покрај неизоставниот „Енфилд Роуд“, тука се уште и стадионите на Севиља, на Урава Ред Дајмондс од Јапонија, Рома, Фенербахче, Борусија Дортмунд, Селтик. ПАОК, Розарио Централ.

Навивачот кој заслужува чист црвен картон

Обично сме навикнати да влетуваат на терен само за едно селфи или гушка со нивниот идол. Но малиов имаше друга намера, а според судиските правила треба да добие црвен картон за овој старт зад грб со две нозе над членот на Палмеирас, Габриел Хезус.

Малиот Бредли, детето што ја обедини цела Премиер лига

Бредли Лоуери има 5 години а лекарите му даваат уште малку месеци живот. Во среда на мечот Сандерленд - Челси ќе им даде гол на гостите во омилениот дрес.

Журката на пријателите на Комити во Салцбург

Шалке убедливо со дури 15 бода го освои првото место во својата група во Лига Европа, така што навивачите на овој клуб, познати под името УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен) вечерва се журкаа во Салцбург каде играше нивниот тим.

Навивачи на Рома прекинаа минута молк за Шапекоенсе па се тепаа

Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.

Како македонските мадридисти го бодреа Реал на Камп Ноу

Еден од најорганизираните фан клубови во земјава е Пења Мадридиста де Македонија, група навивачи на Реал кои не пропуштаат прилика да оставват грло и дланки во поддршка на „Кралскиот“ клуб каде и да игра. Така беше и на „Ел Класико“ во Каталонија.

Од каде потекнува мелодијата за навивачката песна Дале Кавезе?

Мелодијата за „Дале Кавезе“ датира уште пред 60 години. Тогаш авторот Хозе’ Манцо Перони од Венецуела ја смислува а неговиот внук ја промовира песната „Молиендо Кафè“ која што подоцна ќе ја преработи Хулио Иглесиас и стотици навивачки групи ширум светот.

Најголемиот ултрас меѓу џандарите

Римското дерби викендов му припадна на Рома која славеше со 2:0, а дел од делириумот на Олимпико беше и овој полицаец кој веројатно униформата ја искористил во тие два часа да биде само навивач и да не се замара со одржување на ред и мир.

Мотивационен говор на ултрас пред градско дерби

Мечот меѓу Лацио и Рома не е меч како сите други. Тоа е градско дерби на вечните ривали од Рим кои бијат битки на Олимписко скоро еден век. Страствен навивач знае да рече: Што сакате направите на другите натпревари, само победете на дербито. Во недела, 15:00 часот е закажана нивната 145 пресметка во Серија А. Играчите на Лацио во еден дел од тренингот не трепкаа и гледаа во водачот на Иридучибили.

Драматичниот живот и смртта на Рафаело Бучи, водачот на Јувентините

На човекот кој од родниот југ се преселил на север само за да биде поблизу до Јувентус, животот му станал драматичен од кога ја почуствувал сладоста на лесната заработувачка од препродажба на карти во која се вртат милионски суми.

Чкембари со топки снег ги гаѓаа судиите

На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.

Градот Шапеко се прости од милениците

Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.

Колумбиските навивачи оддадоа почит до Шапекоензе

Со многу запалени свеќи, со балони, чадори и шалови во зелено-бела боја, навивачите на Атлетико Национал "Los Del Sur“, тимот кој требаше да му биде противник на Шапекоензе во финалето синоќа оддадоа почит до загинатите бразилски фудбалери. Во меѓувреме колумбискиот тим официјално се откажа од титулата во Копа Судамерикана и побара од КОНМЕБОЛ да му ја врачи на Шапекоензе.

Аргентинска еуфорија во Загреб на тенис

Во 116-годишната историја на тенискиот Дејвис Куп, Аргентина одигра пет финалиња и синоќа за првпат ја крена познатата „салатара“ како најдобра тениска репрезентација на светот. Херој на Аргентинците кои по првите два дена губеа 2:1 беше Хуан Мартин дел Потро кој со скршен прст го победи Марин Чилиќ после пресврт. Аргентинците ја исполнија Арената во Загреб и навиваа како на фудбалски натпревар.

Навивачите кои успеаа да преспијат на Олд Трафорд пред дерби

Сигурно некој од вас кога бил ограничен со кеш додека посетувал некоја метропола, морал да одбере дали да купи карта за туристичка прошетка на стадион или за натпревар. Ако ги сакате и двете само со пари за посета на стадионот, еве една луда и успешна идеја која бара храброст, неспиење и гладување.

И навивачите на Копенхаген удрија по УЕФА

Анти-УЕФА кореографија синоќа имаше во Копенхаген на мечот на данскиот шампион против Порто. Данците се придружија на многу други навивачки движења во борбата за еднакви права на сите клубови.