Навивачи

Расистичка кореографија на навивачите на Легија Варшава

Полското фудбалско првенство ја стартуваше новата сезона, а навивачите на Легија Варшава кои се познати по отворените и скандалозни пароли, се истакнаа уште во прво коло.

Протест на навивачите на Лацио со канта за ѓубре

Симболичен, ироничен, но вистинит и силен гест на навивачите, на планинското место Ауронцо ди Кадоре, каде Лацио ги почна подготовките за новата сезона.

Германската полиција немала многу работа на Еуро 2024

Министерството за внатрешни работи на Германија соопштило дека за време на Европското првенство летово имале помалку работа отколку што се очекувало.

Жените кои 24 години најверно ја бодрат Шпанија

Од 2000-та до 2024-та група од шест шпански жени ја бодрат својата фудбалска репрезентација на сите големи натпреварувања, Европски и Светски првенства. И сега се во Германија каде „Црвената фурија“ ќе игра во финалето на Еуро2024.

Луди сцени по голот на Англичаните во последен момент

Милиони навивачи на Англија синоќа минаа од агонија до екстаза, како и на целото Европско. Нивната селекција не игра ништо од очекувањата цел турнир но на италијански начин стигна до големото финале каде ќе води битка со Шпанија. Губеше Англија 0-1 па направи целосен пресврт и победи со гол на Оли Воткинс во судиско продолжение.

Што не кажеме нешто лошо за овие навивачи

Баталете ги барабите што го демолираа кафиќот и пазете ја журкава пред вчерашното полуфинале меѓу Холандија и Англија. Ја прават голема група на холандски навивачи и им влегуваат на пар Англичани со безвременскиот хит на Битлси „Hey Jude". Ама не на суво, туку со цел дувачки оркестар. Каква весела банда е ова. Денот ни го направија. И докторката и сестрата излегоа на балкон.

Најглупите тепачки се случуваат на вакви првенства

Летаа флаши, коњопои, телевизори, а контактот меѓу навивачите скоро и да го нема. Персоналот се обиде на смири, па дури и еден од келнерите почна да мава, а потоа го нападнаа неколку Холанѓани, скроз бавни од што беа пијани. Со еден збор сè се ова бараби. Што ви е крив кафиќот? Договорете си ферка на некоја пољана со голи раце.

Холандска инвазија на Дортмунд

Околу 80.000 Холанѓани се очекува денес да бидат во Дортмунд по повод полуфиналето на Еуро2024 со Англија вечерва од 21:00. Холандија ги имаше најсимпатичните навивачи на Европското кои се журкаа и не мислеа на инциденти и испади. Вечерва против себе ќе имаат англиска армија која исто врши опсада на Дортмунд со илјадници тони пива.

Емоциите на 90 години за родната Шпанија

Меле ли меле, дофрла и пцуе, затоа што во прашање е неговата земја од која емигрирал на 16 години во Аргентина, против домаќинот Германија. Како мало дете ќе викне на крај, па уште и ќе запее. Цар.

Турски навивачи правеле хаос во Берлин и во Холандија

Елиминацијата на Турција од Еуро2024 донела голем наплив негативен набој кај навивачите на оваа селекција па ширум европските градови имало и нереди. Во Берлин каде живее огромна турска заедница избила тепачка, односно турски навивачи нападнале холандски навивачи после мечот Холандија - Турција 2:1.

Уапсени? Нема врска, ќе гледаме фудбал од ќелија

Навивачите на Холандија и натаму го живеат сонот во Германија на Еуро 2024. Стигнаа до големото полуфинале откако со голем пресврт ја урнаа Турција. Холанѓаните беа меѓу најпримерните навивачи на Европското ама, ете, се случуваат и исклучоци па и некој нив бил собран од џандари додека правел бељи. И кај ќе го гледаат фудбалот уапсени?

Замислете ја сценава во Буенос Аирес

Или поточно Шпанецов да е навивач на Бока и да се најде во друштво на навивачи на Ривер или обратно. Инаку ова се случува во 119 минута кога Германија прими гол и се збогуваше од Европското на кое е домаќин.

На Ноле фати да му продаваш финти кроз нозе?

Новак Ѓоковиќ го мина второто коло на Вимблдон против Џејкоб Фернли со 3-1. Го збриша во првите два сета, но потоа се соочи со силен отпор од страна на 14 години помладиот Британец, кој успеа да му го земе само третиот сет. Уживајте во поенот на мечот и хајлајтсот.

Најгневниот италијански навивач на ЕП 2024

Веќе неколку дена траат критиките на адреса на италијанската фудбалска репрезентација која како бранител на трофејот се посрамоти во Германија. Ама никој не го искажа револтот како овој. Во прашање е свето нешто.

Не ти е ова НБА: Директор на маркетинг на Рома добил отказ поради лацијалска боја

Мајк Вандел, комерцијалниот директор и директор по бренд во италијанскиот клуб Рома е отстранет од работа поради тоа што дозволил во продажба да се најдат нова гарнитура дресови, блузони и тренерки од Адидас на кои има боја која потсеќа на главната боја на мрскиот градски ривал Лацио. Тифозите на Рома веднаш кренале глас, претседателот на клубот Ден Фридкин лично се впуштил во приказната и Мајк Вандел добил отказ.

Турски машиновозач на денот

Турците се познати како нација која френетично следи фудбал, а можете да замислите како е кога ја пратат репрезентацијата на големи натпреварувања. Така и со еден машиновозач кој го сопрел својот воз за момент, за да ги поздрави присутните кои славеле победа во 1/8 финале против Австрија (2-1).

Фудбалска страст во Мароко препознаена во Германија

Некоја вест и од клупски фудбал, ретко видена. Но Германци се тоа. Прашајте ги Комити за навивачите на Шалке.

Австриските навивачи и рандом бабата

Симпатични сцени од Лајпциг забележани пред мечот меѓу Австрија и Турција. Австријците здогледуваат баба на балкон, ѝ мавтаат и сите во хор и скандираат да возврати на поздравот. Мисијата е успешна, забавата спонтана.

Големо турско славје во Скопје, цели улици блокирале

Победата на Турција против Австрија во осминафинале на големо се славеше во Турција, се разбира во Германија, но и во Македонија. Под стоковна куќа Мост не можело да се помине со кола.

Нема поминување со коли, Турците слават четвртфинале

Не е секој ден Велигден селекција како Турција да се најде во топ 8 во Европа. Четвртфинале не видоа селекции како Италија и Хрватска. Плус знаејќи ја нивната страст за фудбал, сцениве се најнормални за досегашниот успех во Германија. Второто видео е од Келн.

Со прополис одите на стадион а?

Англиски навивач фатен во офсајд за време на славјето против Словачка, која Англија ја доби со пресврт. Кај нас на стадион пак не умира модата со семките.