Дон Роко Казанова го освојува српскиот пазар

Почна како Роберт Сошански со неповторливата „Еј другарице, плави анџеле“, подоцна го бусташе името за да дојде до комбинацијата „Доктор Роберт Роко Роксан Сошански Казанова“. Сега пак стишува и е Дон Роко Казанова. Кога пред две години последен пат го имавме на сајт, го опишавме како „охридски пејач, поет, православец и патриот“. Но, љубовта и болката не познаваат патриотски граници.

Новата песна на Дон Роко Казанова, Паклена светица, можеби е испеана на српски јазик, но со чиста македонска емоција која често и од најсилните (каков што е Роко) знае да изнуди солза и грч во душата.

Во овој спот Дон Роко е малку крај охридското крајбрежје, малку во лудница, малку во Украна, Газа или слично место. Најмногу од сè ни е криво што не знаеме да читаме од уста па да знаевме што тоа Дон Роко извикува во драматичната завршна сцена, кога е во лудачка кошула. 

Такви работи нас нè копкаат. 

Види и:

Дон Роко има нов хит

Роко има песна и за машка и за женска популација

Еј другарице, плави анџеле

14 April 2026 - 13:11