Двајца дечки, дојранчани. Бранко Караколев и Самир Патрон. Го чистат запуштениот канал за доток на вода од Ѓавато, запуштениот парк, како и сувата неискосена трева околу каналот во месноста Топлец, кај Нов Дојран. Го прават тоа самоиницијативно и доброволно, без никој да им помага. Велат дека добро би им дошло барем гориво и масло за косилката. А заслужуваат и многу повеќе. Респект.