- Трансферот на Лука Модриќ во Милан е завршена работа. Тоа го потврди Фабрицио Романо, но и спортскиот директор на Милан, Игли Таре.
- Милан и Модриќ постигнале договор, а хрватската легенда која во септември полни 40 години, порала тоа да биде официјализирано откако ќе ги заврши обврските со Реал Мадрид на Светското клупско првенство.
- „Разговарав со него лично и видов млад човек кој е многу заинтересиран да се натпреварува. Неговата посветеност е многу важна за тим на кој му се потребни лидери како него. Првото прашање што Лука ми го постави беше: „Дали ќе имаме тим изграден за освојување на титулата? Освои шест трофеи во ЛШ и сака веднаш да биде протагонист. Важно е што ќе пренесе во однос на менталитетот, лидерството и професионализмот. Фактот дека е навивач на Милан ја прави оваа приказна уште повозбудлива и би било одлично за него да има сезона како протагонист. На крајот од сезоната е Светското првенство.“, изјави Таре
- Иконата на кошарката е снимен како шета низ Дубровник со сопругата и пријателите, а претходно бил во посета на Скрадин, Националниот парк Крка и Хвар.
- Индекс пишува дека со себе носи текила и само од неа пие.
- Ова не му е прв одмор во Хрватска, каде беше и во август 2021-ва. Тогаш пристигна со приватен авион на аеродромот во Сплит и се качи на луксузната јахта О’Пари.
- Потоа крстареше по Јадранот и посетуваше дестинации како Шибеник, Хвар, Дубровник и околните острови.
- Јахтата на Џордан, вредна 115 милиони долари е видена и во Венеција, каде ја снимил Тиктокер мислејќи ќе се појави на свадбата на Џеф Безоз.
- И покрај многуте шпекулации дека би можел да смени средина, 40-годишниот Португалец денес и официјално потпишал нов договор со Ал Наср кој го обврзува до 2027-ма година, соопштија од саудијскиот клуб.
- Кристијано Роналдо во Ал Наср стигна во 2023-та, таму е веќе две години и се очекува да остане уште две сезони. Најдобриот светски голгетер постигна голем број погодоци во Саудиска Арабија и се очекува кариерата да ја заврши токму во оваа земја.
- Според новиот договор, Кристијано ќе заработува страшни 185 милиони евра годишно или 15 милиони евра месечно, 3,8 милиони евра неделно и 550.000 евра дневно, пишува реномираниот германски сајт Трансфермаркт кој се повикува на шпанска Марка.
- На 105 натпревари за Ал Наср, Кристијано има 93 гола и 19 асистенции. Но уште не освоил ниту еден поголем трофеј во Азија.