Судиски извештај од срамниот меч: Играчите стоеја, голманот се тргна, публиката сакаше да ги тепа
7 May 2025
- „Увидовме на натпреварот дека нешто сомнително се случува, домашните играчи скоро сите почнаа да бараат принудна замена и сакаа да го напуштат теренот за игра.
- При скоро секоја акција на гостинската екипа, домашните играчи стоеја на теренот и не играа како што играа во првото полувреме.
- За волја на вистината, домашниот голман беше на висина на задачата се до последната акција, каде што застана заедно со целата домашна одбрана која не беше заинтересирана да го блокира гостинскиот напад и гостинската екипа постигна погодок“, стои во дел од официјалниот извештај на судиите кои велат дека се срамат што биле дел од ваков натпревар.
Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та