ФФМ: Згрозени сме, овој срам нема да остане неказнет, ова е навреда за фудбалот
6 May 2025
- Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од 28. коло во Втора МФЛ.
- Она што го видовме е срамно и неприфатливо. Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.
- Нема да има заштитени - секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.
- Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал, стои во дел од соопштението на ФФМ.
Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та