Македонски паркур

Баге и Гаго се викаат хероите кои без мака го прелетуваат Скопје. Баге и Гаго се махери. Ако дечурлана почнат масовно да се лакомат да станат како нив, одма да се регистира фирма за увоз на гипс во Македонија.

Повели Стеф

Нашиот омилен хроничар на поп културата во 21-от век повторно се огласи. По повод 9- ти април (?) на препознатливиот возбудлив и инспиративен начин Стеф проговара за неколку горечки теми од нашите животи. Хајлајт: заразната насмевка после вицот за црнците. Како ли му текнува сето тоа?