Српскиот Шрек на дугметара

Парче реалност од секојдневието на култниот градоначалник на Јагодина кој својот доживотен статус на убер сељак го заслужи со изјавата дека "од пеачите му пееле сите освен Бетовен и Шопен бидејќи тогаш бил мал". Ете, тоа е. А Ѓинѓиќ го утепаа.

Роби и неговиот Столе

Знаеме дека љубовта е слепа ама да е до толку глува? Не го знаеме ни Роби ни Столе ама очигледно е дека Роби негува толку убави чувства за Столе што е тоа - греота за Столе. Затоа што никој (никој!) на светов не заслужил да биде инспирација на една волку лоша песна.  Геј парада во Скопје? Може! Химната е веќе родена.

Песни за Тито

"Мајку вам божју, од сè што ви оставив, Јованка најдобро се држи", вака деновиве некој досетлив лик во името на Јосип Броз Тито ја попиша состојбата на оставнината на лидерот на кого генерации луѓе му се колнеа дека нема да скршнат од неговиот пат.

Бугарска работа

Индикативен пример за нивото на политичката култура и медиумскиот амбиент во соседна Бугарија. Новинарот Веселин Веселинов од ТВ СКАТ тотално опколен од Волен Сидеров (екс новинар) и негови следбеници од националистичката партија Атака, која си одбрала баш прецизно име.