Македонци

"Фрустрирани сте од работата, животот, пријателите, од сè? Еве го мојот совет: одете во Македонија".

Српска божиќна синхронизација

Српска верзија на традиционалниот православен божиќен поздрав. Звуците на калашот велат "Христос се роди" а отпоздравот гласи: "Доста јебо те, ваистину се роди".

(Вон)земјанинот Ли

Кој бил во Штип, го знае. За другите, 20 минутен документарец за уникатниот граѓанин на Штип, Македонија, Земјата и нејзиниот комшилук, Мики Ли Трајчевски, еден од ретките луѓе кои сè уште се прашуваат "кој сум јас?"

Јавно здравје без импакт фактор

Паралелно со владиниот наплив на рационализам, упорно бранетата потреба од објективни вреднувања, научни верификации и слични просветителски идеи, во процедура оди еден закон кој а) се однесува за здравјето на луѓето и б) во кој нема да најдете ни ш од импакт фактор. Зошто ш? Затоа што ш е за шашми.