Чарли всушност е од Африка ама (ако не е ова превара наснимана, а ни тврдат дека не е) фраерот во својот речник има повеќе македонски зборови од некои наши политичари. Ау Чарли, скопјаниште едно!
Супер скоцкана видео минијатура. Еден небитен но шармaнтен детал од аналогното фотошопирање на Скопје. Македонска олимпијска дисциплина: фрлање барок во вис.
Како му запнавме на ова Сирипичино, Гугл го пореметивме. Прво беше само МАНУ и Економски факултет, па дојдoвме ние од Трендоленд а еве ти ја сега и Влада! Раат да се немало никаде.