Послушајте ја лекцијата од Мики Ли

"Најважно од сè е да не заборавиме на простувањето и на милосрдието. Бидејќи тој што има милост во себе ќе биде најголем победник на оваа планета", вели штипскиот шаман, човекот кој го гледа светот низ различни бои. 

Ќути Валијант што не е спонзор

Не го хејтаме, Вучиќ одамна е народњачка институција која топ не ја бие и во однос на баграта накотена по интернет, човекот веќе е меинстрим. Само, стварно се одушевуваме како уште наоѓа иновативни начини да биде интерактивен и со публиката и со спонзорите. Со други зборови, знае да загризе.

Скептикот го најде Миленко

Оклопниот скептик е еден јутјубер кој ремети и раскринкува идеи од оној недефиниран простор на кој виреат конспирации, верски фундаментализам, џанк наука, кемтреилс, Земјата е рамна, вонземјани се меѓу нас и слични симпатичности.... Некако дошол до 'hilarious' емисија на Миленко за кој мисли дека е Русин или друг облик на живот од источна Европа, матичната татковина на ваквите идеи.