Во името на сите оние родени во 90 и некоја

Евергринот на Балашевиќ беше некаков генерациски завет на оние родени во пеесет и некоја. Потоа се менуваше само деценијата (шеесетта, седумдесетта), но текстот остануваше ист. Толку од тоа. Родените во 90 и некоја имаат сосема, сосема поинаква порака. И таа делува многу искрено, автентично и моќно. Изведува едно 26 годишно момче од Сомбор. Старки, обратете внимание!

Перо Луковиќ за жирафата на Палма

Сосе министер и 4 илјадна публика, во Јагодина, бастионот на живописниот Палма (хинт: Бетовен), во употреба е пуштена нова - гринфилд - жирафа. Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Време, Е-новине), накурчен каков што го дал Господ, не може да се изначуди што ќе се случи ако дојде слон или паун. Крешендото е сепак кај Палма кој на крајот вика: "Мислам дека денес ставаме точка на жирафата". Србија, оригинал. 

Земјо палестинска....

Точнo е дека една слика вреди илјада зборови. Ние само малку ќе ја раситниме тоа илјадарката.