Како најлесно да ја упропастите сопствената држава

Контраиндикации: Зашеметеност, ѕунење во ушите и чувство на партиска збунетост, особено кај лицата кои се пречувствителни на размислување со сопствената глава. Кај таквите случаи можно е да дојде и до појава на целосна опстипација на менталните процеси, непријатна дијареа на празни зборови и однесување манифестирано со бескрајно повторување на предизборни слогани.

25 години од падот на Вуковар

После 87 дневна опсада и жестоко гранатирање, хрватскиот град Вуковар пред четвртина век падна во рацете на тогаш веќе про-српската ЈНА и паравоените единици на чело со Аркан и слична багра. "Ова усташко упориште конечно е ослободено", гласеше другата верзија. Денес сликите од тој ужас изгледаат комплетно нереално, како да е неможно ова да се случи тука некаде, во близина.....