Снежно Скопје видено од дрон

Баш убава 4 минутна зимска прошетка низ Скопје. Ако не сте Супермен, нема друг начин да видите како градот во снег изгледа од негова перспектива. А оние помалку романтичните, можат да гледаат кои улици се исчистени а кои не. 

Што ни е задачата, моличу лепо?

Добро е што Македонија нема нуклеарна централа. Зошто? Затоа што има премногу лудаци кои мртви-озбилни мислат дека треба да им кажуваат на вработените што да прават и каква им е задачата. Како, каде? На Фејсбук, нормално.

Нема сила што водите на Вардар, макар на ден, ќе ги направи свети

Време е да се воведе некаква регулатива: попот што го фрла крстот треба да има право да дели жолти и црвени картони, или да исклучува играчи на две минути, да го повторува стартот на трката и слично. Во спротивно, и натаму немо ќе го посматраме парадоксот дека некои луѓе се спремни и да убијат, само за да се дограбат до доказ за нивната благословеност.