Што ќе ни е нам овој инцидент?

Гледаме каков хаос и пекол бил бракот меѓу Џони Деп и Амбер Херд. Ти ги мислиш уживаат во полна слава и општествен статус, а таму се серело по кревети. Од друга страна, Балканот имал поинакви методи за хармонизирање на машко-женските односи. Еве една филмска лекција за таква „разбирачка“, со разговор и дијалог на двете страни. 

Отиде, си еба мајката

Еве, седумнаесет пати - најмалку! - го гледавме овој клип кој трае само седум секунди и секој пат од тие седумнаесет пати, си го кажавме истото. Ова што го ставивме како наслов. Ај видете и вие.

Остај Земјата, што правиме кога мозокот е рамен?

Извесна пејачка Андреана Чекиќ (ја има на Википедија, јеботе) со фломастер и лист хартија, стручно, најстручно, објаснува зошто Земјата не може да е рамна. Оти носот на авионот не му понира кога лета! А и дека гравитација не постои. На Огњен, кој води треш емисии но е ок дечко, конечно му стана јасен стихот на Цеца „сузе падају нагоре“

Како звучел македонскиот пред неговото кодифицирање?

Јутјуб каналот на Марио и неговите историски муабети има одличен слоган „Никогаш повторно да не ве фатат со спуштен гард за Македонија.“ Во оваа епизода се фаќа со она досадно бугарско тврдење дека македонскиот јазик е бугарски дијалект . Марио ја фаќа приказната малку од порано и тоа го прави уверливо, информирано и темелно.