Правда за Карбинци

Втор ден луѓето од Карбинци (13 километри од Штип) протестирааат затоа што неколку соселани и земјоделци им завршиле во притвор откако „будните органи“ нашле стебла канабис. Луѓето велат дека се работи за див канабис, кој и онака расте насекаде во Македонија. Да се бавевме ние со дрога, немаше крави и овци да чуваме, викаат луѓето од селото.

Полска во моето (скопско) срце

Го користиме овој стих на Џони за да се потсетиме дека во светов имаме и пријатели на кои подзабораваме додека упорно се бавиме со Бугарија и нејзините влажни соништа. Пред некое време во Варшава излезе книга која се навраќа на уништеното Скопје, неговата обнова од земјотресот и улогата на полските архитекти во тоа. 

Кои држави во Македонија не се сакаат?

Дечково има цела серија вакви видеа, оди по земји и ги прашува кои други држави ги сакаат а кои ги нејќат таму. Генерално, секаде повеќето се нормални луѓе, пошто, стварно, што има да мразиш држава? Така е и во Македонија, со пар очекувани „застранувања“. Да ги чуеме нашите.

Избори за Лекарска комора, Северна Кореја

„Тајно гласање“ со нумерирани ливчиња. Цареви.

Српска верзија: Што е маж?

Не се работи за српски одговор на докумeнтарецот на Мат Вош „Што е жена“. Инсерт е од интервју на славниот новинар Теша Тешановиќ со некој возрасен балван од Србија (имал Теша и каца за гостин) кој објаснува какви параметри треба да има еден маж и нормално, не може да пропушти една мрсна а добронамерна пцовка кон соговорникот. Да чуеме.