Вили Нелсон ги „препеа“ Перл Џем

Кантри легендата Вили Нелсон сними преработка на фината балада Just Breathe на Перл Џем за неговиот нов албум, Heroes, и тоа како дует со неговиот син Лукас. 

Целиот аранжман не се оддалечува премногу од оригиналот, снимен на албумот Backspacer од 2009., но Нелсон додава суптилен тон на усна хармоника и малку „народњачки“ призвук на ова медитативно парче. Еве ги тука оригиналот и преработката, која ни се чини дури и подобра.

Освен новиот албум, вест поврзана со Нелсон е и бронзената скулптура која во негова чест ќе биде поставена на 20. април во Остин, Тексас. Еден од подржувачите на иницијативата е про-марихуана движењето 4/20, чиј агилен член е и самиот Вилсон. Статуата, која тежи еден тон, ќе биде поставена во 16 часот и 20 минути.

11 април 2012 - 18:42