На 98 години Хал Ласко е мајстор на компјутерска уметност. Роден пред пронаоѓањето на радиодифузијата, тој ја поминал кариерата како комерцијален графички дизајнер, работејќи рачно на создавање типографија и дизајн. Но како што си доаѓале годините неговите потези со четката и моливот станале потешки. „Кога почнав и да не гледам, мислев дека моите денови како сликар се завршени", вели тој.
Но наместо тоа, пред 15 години, внуците му купиле компјутер и го вовеле во програмата Мајкрософт Пејнт. Таа му овозможува доволно зумирање за да може да црта пиксел по пиксел. И тоа и го прави, во најдобрите манири на поентилизмот.
„Ако треба две години да создадам слика, ќе го правам тоа. Многу сум стрплив", изјавил Ласко, промовирајќи ја оваа доблест помеѓу современите графички дизајнери.
Во овој краток документарец уметникот и внук Рајан Ласко и неговиот соработник Џош Богдан ја раскажуваат приказната за Ласко, од неговите почетоци во професијата до денешните проекти. Она што плени е радоста на дедо Хал од можноста да создава, и тоа за свој ќеф: „Кога работев секогаш морав да го задоволам клиентот. Сега можам да правам што сакам".