Во чест на 25 години од Фотошоп, еве како се работела графика пред да постои Фотошоп. Ако заради некаков невиден космички внатрешен мир до сега не ти дошло да им удриш глава на денешниве мрзи од дизајнери што под око те гледаат што си им рекол да пробаат нов фонт, после видеово на памет ќе ти дојдат збирка дела од Црвени Кмери, мексикански нарко босови и африкански диктатори.
И кога раката ќе почне да ви се тресе, и кога очите ќе почнат да ви откажуваат, ако имате порив да создавате сè што ви треба е обичен Пејнт. И мерак за цртање.
Индијскиот графички дизајнер Капил Багат пред неколку дена го одбележа Националниот ден на науката во неговата земја со серија минималистички постери, кои сликовито ги прикажуваат најважните научни откритија во историјата на науката.
Кирил Зајцев, графички дизајнер од Москва, прави фина комбинација на она што вообичаено ја претставува одредена земја вон нејзините граници - знамето, луѓето и пејсажите, и културните стереотипи поврзани со неа.