На овој уметник не му е прв пат да го исмева Путин - неговото дело „Дедо со куртон тетоважа“, инспириран од бестселерот „Девојката со тетоважа на змеј“, му обезбеди место помеѓу најдобрите антирежимски дела, собрани во збирка под наслов „Нова руска виртуелна дисидентска уметност“.
Видеото „12 години во две минути“, пак, го прикажува развојниот пат на ликот и делото на водачот, од непознат политичар во Кремљ до статус на руски монарх, прикажувајќи ги најважните настани кои го одбележале неговото автократско владеење: хаваријата на подморницата Курск, гостувањето на Путин кај Лари Кинг, нападот на телевизијата НТВ од страна на Кремљ заради нејзиното известување за заложничката криза во театарот Норд Ост итн. Спешл гест стар е Дмитриј Медведев, кому Путин само на кратко му ја предава власта, кој тој ја користи за играње со ајпад, додека неговиот политички татко продолжува да ги влече конците.
Владеењето завршува (?) со тоа што Путин се претвора во мумифициран фараон, кого во живот и на власт го одржува уште само инфузијата. И вотката „Путинка“, од која на моменти му солзат очите.