Тесла му оставил на светот наизменична трофазна струја, апарати за далечинска контрола, возила на електричен погон, бежична глобална комуникација и идеја за бесплатна енергија достапна од која и да е точка на нашата планета. Па сепак, за многумина тој бил само „луд научник" - несфатен и дискредитиран од неговите современици, Тесла умрел сам во неговата соба во хотелот Њујоркер, за денес да биде третиран како херој.
Џармуш и до сега беше познат по значењето коешто ѝ го придава на музиката во неговите филмови, а во поседно време е и самиот активен, правејќи музика со неговиот бенд SQÜRL - поранешни Bad Rabbit - чијашто музика може да се слушне во неговите „Граници на контролата" и „Само љубовниците преживуваат".
Во моментов бендот прави нова музика за четири неми филмови на надреалистот Ман Реј, а премиерата ќе се случи во живо, во сала спроти Светскиот трговски центар во Њујорк, на 17 и 19 февруари. Но истовремено е во тек правењето на нешто што според авторите е на граница меѓу театарска претстава и опера, со музика којашто Џармуш ја опишува како „електронско- дроновска". Засега датумот на премиерата не се соопштува, но комбинацијата на имиња во тимот ветува.
Плејлиста за процесот на работа
Тука извадок од музиката (кратко ама слатко)