Ноа Вајл од Нетфликс серијата „Пит“ три недели бил во Македонија

Ѕвездата на Нетфликс серијата „Пит“, чие име означува фиктивна болница во Питсбург, односно одделението за итни интервенции, е најпознат по своја претходна улога во серија која одеше цели 15 сезони а исто така се однесуваше на болница и доктори. Тој во склоп на својата хуманитарна работа - поддршка на медицинските работници - во 1991 бил во Македонија.

(фото: Epa Images)

Ако сте ја гледале серијата „И-ар“ (ΕR) напишана од Мајкл Кајртон (Џурасик парк), по образование доктор, која одеше цели 15 сезони, а во која меѓу другите глумеше и Џорџ Клуни, можеби се сеќавате на тогаш младиот Ноа Вајл во улогата на студентот по медицина Џон Картер. Сега на Нетфликс се прикажува прва сезона од „Д Пит“ (The Pitt), „заразна“ медицинска драма во која Вајл е главниот доктор Мајкл „Роби“ Робинавич.

Иако е одличен во она што го прави во стресната околина на одделот за итни интервенции, постојано соочувајќи се со недостаток на персонал и буџетски кратења, тој има и сопствени трауми поврзани со смртта на неговиот сакан ментор, доктор Адамсон, во текот на пандемијата. 

За подобро да ја разбере медицинската професија, но и да го привлече јавното внимание кон предизвиците со коишто тие се соочуваат особено во кризните региони, тој во 1991 три недели престојувал во Македонија, во камп за бегалци од Косовската криза, а во склоп на мисијата на организацијата „Доктори на светот“. Ова е три години пред почетокот на емитувањето на „Итни интервенции“ (ER), серијата по којашто тој стана најпознат, а во која глумеше рамо до рамо со Џорџ Клуни. 

Од организацијата му пристапиле за тој да се заложи за подобрување на нивниот буџет и безбедност, а за да го стори тоа директно се вклучил во активностите. „Мојата цел требаше да биде да набљудувам за да знам за што зборувам кога ќе се залагам за нивната кауза. Но кога ќе дојдеа автобуси со 600 луѓе и кога некоја жена ќе ми го подадеше детето, што можев да правам освен да реагирам?“, се сеќава тој денес. Од 10.000 бегалци во кампот повеќето биле жени и деца. 

По ова искуство, како и стекнатата популарност, Вајл продолжил хуманитарно да се ангажира, овој пат со Хуман рајтс воч, како и со Мувинг паст траума, програма за зголемување на свесноста и третманот за пост-трауматско нарушување. 

Повеќе за ова, како и за неговата одлука повторно да прави медицинска драма, во подкастот на НПР.

7 мај 2025 - 14:24