Торта и одликување

Медведев на Маркес за роденден

Рускиот претседател му го врачи престижното одликување Легија на честа на колумбијскиот книжевник, токму денес, кога Маркес го слави својот 85. роденден.

Во образложението се вели дека Медведев го доделува одликувањето заради јакнење на пријателството помеѓу Русија и Латинска Америка.

„Многу години подоцна, пред стрелачкиот вод, полковниот Аурелијано Буендија мораше да се присети на она далечно попладне кога татко му го однесе да го запознае мразот" - со оваа реченица почнува антологискиот роман „100 години самотија" на нобеловецот, со кој всушност започна неговата светска слава. Сега, кога покрај себе го има Медведев, Маркес веќе сигурно не е осамен. А има и кој да му пише..

Ние на дедо Габриел му посакуваме добро здравје и ¡feliz cumpleaños!, со песната..

 

6 март 2012 - 14:15