„Фините момци" (The Nice Guys)
Шејн Блек, кој го има напишано „Убиствено оружје" како филмски студент во 1985 (оној полицајскиот со Мел Гибсон и Дени Гловер во неколку делови), се јавува како режисер на овој исто така криминалистички филм, во коj главните улоги ги толкуваат Рајан Гослинг и Расел Кроу. Тие играат двајца приватни детективи кои бараат исчезната девојка, при што откриваат цела конспирација околку случајот. Непотребно да се нагласи дека истовремено двајцата изгледаат многу кул.
„Големиот пријателски настроен џин" (The BFG)
Базиран врз антологиската детска книга на Роалд Дал, во режија на Стивен Спилберг. Доволно елементи да мора да се погледне, барем трејлерот.
„Неонскиот демон" (The Neon Demon)
Се сеќавате на „Драјв", трилерот со Рајан Гослинг и одличниот саундтрак? Неговиот режисер, Николас Вајндинг Рефн, стои зад овој хорор, за манекенка од ЛА која привлекува несакано внимание од постара жена. Бррр...
„Американски мед" (American Honey)
Шаја Лабаф (или како и веќе да се транскрибира неговото име) глуми млад дечко кој продава претплати за списание во средна Америка. И притоа, велат, е многу нормален.
„Само е крај на светот" (It's Only the End of the World)
Хавиер Долан во 2014 привлече внимание со неговиот филм Mommy, а сега раскажува приказна за писател кој си го посетува семејството со кое не е баш во најдобри односи, за да им каже на неговите роднини дека е пред умирање.
„Џулиета" (Julieta)
Педро Алмодовар се враќа со прв филм по три години. Базиран е на книга на нобеловката Алис Манро, чиј главен женски лик се обидува да си ја најде ќерката која е исчезната со години.
„Лавинг" (Loving)
Меѓурасните бракови биле забранети во Вирџинија до 1958. Ова е биографија на Ричард и Милдред Лавинг, црнкиња и белец, чие судење довело до менување на ваквиот закон во земјата.
„Патерсон" (Paterson)
Адам Драјвер игра возач на автобус кој е истовремено поет, а иранската актерка Голшифтех Фарахани ја игра неговата жена. Режијата е на - Џим Џармуш.
„Дај ми опасност" (Gimme Danger)
Сепак главниот настан поврзан со Џармуш е овој биографски документарец за Иги Поп и Д Стуџис, чиј наслов е асоцијација на документарецот на Скорсезе за Ролинг Стоунси, Gimme Shelter.