Бавчи › Отец Пимен - Патувајќи

Мајстори на играта

Повторно ден по ден, и пак, и претходниот, и следниот ден во кој црната хроника го преплавува медиумскиот простор. Брутално убиство на Балканот, неочекувано самоубиство на комичар во светот, двојно убиство насред кафеана во комшии и нова сообраќајна незгода во која гине мој сограѓанин, мој близок роднина.

Ресенизам

Отворам очи едно утро, земам телефонот во рака да видам колку станал саатот, кога на дисплеј, покрај логото со загризаното јаболко, саатот, датумот, знаците на ВИП за јачина на мрежата, WI-FI и процент на полност на батеријата, еве ти и една ФБ порака во инбокс, потпишана и испратена од лицето со иницијали С.М - Т. која парафразирана гласеше: Хеј друже & брате, сакаш да ти пишам нешто или си во фрки?

Едно зошто - илјада затоа

Не дека во Откровението не е споменат крајот на светот, и дека ќе дојде до војни (кои постојано ги имало и ќе ги има, за жал), и до поплави и земјотеси, и поголеми отколку овие кај нас во регионов, ама веројатно некои се убедени дека од кај нас треба да почне. Малку ли ни е злото на денешниот ден?

Па што и ако утре дојде крај на светот, а ти денес умреш?

Un mondo difficile

И сè е тоа убаво, дури и прекрасно на моменти, особено кога соновите ќе почнат да стануваат јаве, и кога нешто сепак ќе те опоменува дека ''цело е кога има сè'', и кога на едно место се и сонот, и неговото остварување, и сеќавањата. Убаво е и кога ќе ја напуштиш Преспа и Македонија, и ќе видиш и сто пати поубави котлини и држави, а сепак тие места кај што си се родил ќе ти останат и дом, и родно место, и татковина, и носталгија.

Без наслов, но со повод

Доаѓаа луѓе кои донираа, но доаѓаа и луѓе кои кога видоа купишта облека па бараа нешто и за нив, кои имаа потреба од нова облека. Им верувам, и јас, и сите кои помагаа. Се гледаше по нив, по нивната облека дека навистина им треба помош. Сѐ уште верувајќи во системот и организираноста на Црвениот Крст и разни други хуманитарни организации ги упатувавме таму. Но и тие едногласно нè уверуваа, дека немаат доверба во системот. Од искуство, велат.

Ако случајно нè праша Хемингвеј

Навистина не е мое да се мешам, ама мое е да кажам дека не е убаво да се полниме со злоба и нељубов. Не е мое да се мешам, ама се плашам дека и Велигденското торжество ќе го расипеме со тоа што годинава Велигден се паѓа помеѓу прв и втор круг на изборите. Немој и од него политика да направиме, ве молам. Далеку е другата Прочка за да си ја простиме таа глупост потоа.

Чeстито пост фестум

Сепак не беше сè така црно. Колку и да изгледа глупаво и до солзи смешно, според мене најголем благослов оваа година ќе имаат оние кои го спасија попот од давење. Не поради тоа што е поп, туку затоа што е човек. Животот на секој човек без оглед на пол, вера, нација, раса па дури и трапавост е посвето нешто и од најголемиот и најскап крст. 

Дедо vs дедовци

Не е од љубомора, верувајте. Не го мразам. И да сакам, не можам, па комшии сме. Еве кај е Шведска, а кај е Лапонија. Не го чуствувам како конкуренција и покрај тоа што носиме иста титула дедо. Ќе го спомнам добронамерно, да се окривиме за нешто сите оние кои наседнуваме на прикаската, за нешто да поучиме од него, и на крај, за нештата да станат појасни и нормални.

ПОДАРИ ЖИВОТ

Мојот занает е најстар - рече самозадоволно хирургот, бидејќи е од моментот кога Господ го заспа Адама, и му го извади реброто за да ја создаде Ева.

Грешиш... се јави економистот. Пред таа операција што ја спомнуваш, Господ го создаваше светот, создаваше капитал и затоа велам нашиот занает е постар.

Не грешете душа... се огласи теологот. Па нашиот занает постои од кога постои и Бог, а Тој постои и пред создавањето, и пред операцијата.

А нели пред постоењето на Бога постоел само хаосот? - праша политичарот. А кој друг можеше да го создаде хаосот, ако не ние политичарите?

Еднакви меѓу еднаквите

И имаше резултат. Се случија промени. Се даде шанса на демократијата да си го покаже вистинското лице. Дојде денот кога се врати демократскиот повеќепартиски систем. Тогаш обесправените побожни патриоти станаа демохристијани, искусните дотогашни социјалистички функционери станаа социјалдемократи, оние помеѓу станаа либерали и веќе можеше да почне со градењето на новата Фарма, овојпат наречена Македонија.

Ајде да си молчиме

Во време на нагласена кампања, и наша и на Владата за женење, мажење, фб е најмоќно стројник орудие. Да беше човек, што чевли ќе се изнаносеше. И неблагодарно е некако од наша страна да се бунтуваме против него оти, ете, преку тоа ни ја зголемува и работата и приходите.

Сите во политика, или политиката во сите

Сѐ станало црно бело. Ако не си со мене, против мене си. Или си од нашите, или си од нивните, трето нема. Политиката влезе во секоја пора од општеството. Таа - политиката, влезе и во парковите, во градбите, во дрвјата... Па и во хуморот влезе, та и хуморот ни го одзеде таа пуста. Па човек веќе не може да се пошегува, а да не биде обвинет за мешање во политика.

Стратегија врз поговорки

Би сакал сите да замислиме како би ни се движела историјата, во последниве стотина години барем, кога не би се врзувале за некои сомнителни поговорки, туку со максимите на нашите револуционери. Сигурно и денешницава а и иднината ќе ни беа повесели.

Чисто (,) како вовед

Драги мои, еве ме и мене во обид да станам бавчанџија, по примерот на Тихо, Сандра, Бетмен, Емили, Дарко и Јана, во обид на бавчата да одгледам здрава храна. Еве, уште на стартот ветувам дека храната од мојата бавча нема да биде третирана со догматски, ниту пак со други религиозни препарати, за да не се најде некој повреден како припадник на друга религија, или пак како припадник на атеизмот. Темите ќе се движат во рамката на името на бавчата "Патувајќи" и ќе бидат обид да направат компарација помеѓу западот и Македонија, со цел навремен отпор кон некои негативни западни трендови и тенденции но, и усвојување на некои корисни и позитивни работи. Секогаш има милион пречки од обидот до крајната цел. Белким ќе има ефект.

Ај, со Бога напред.