И во прво сте! Модерни за мали пари со алишта кои на крајот и не изгледаат тоолку чип, шопингот во Зара (за оние кои знаат да одберат) може да биде многу креативен и забавен. Повнимателните или позаинтересираните може и се прашале како е возможно во Зара да има најтренди парчиња со ефтина цена. Гледаш Долче и Габана извадиле линија со ѕвездички и одиш на сигурно зашто сигурно ќе ја најдеш и во Зара. Мекквин извадил маички со костурчиња, немаш проблем. Трк до Зара. Во мода се долги фустани, ништо полесно. Ги наоѓаш во Зара. Не мора да продолжиме со примери, се разбравме.
И не ја отворам темава зашто не ми текнува нешто поинтересно, ја отварам зашто Зара направи револуција не само во нискобуџетната мода туку убаво го растресе и големите стилисти. Верувале или не, двата света кои никогаш не се допирале, денес се конкуренцја. Можда си викате " Што тропа глупости оваа Емили денес?"
Еве како се конуренција.
Првата продавница е отворена до 1975 во Ла Коруња, Шпанија. Функционира со помош на supply chain менаџмент и високо развиена технологија за производство, сè со цел да ја имитира високата мода ready -to-wear. Првата тајна на Зара е беспрекорната навременост на производство и испорачка. Над двесте дизајнери лоцирани во Шпанија ги мониторираат најновите трендови. Ин-стор вработените се употребуваат за "прислушкување" на коментарите на муштериите. Кога трендот е идентификуван, поминуваат само четири недели за дизајнирање, производство и транспорт до сите продавници. На овој начин, Зара прима нова стока два пати неделно. Се произведува во лимитиран квантитет и затоа продавницата е секогаш снабдена со нови парчиња кои тешко се наоѓаат после десетина дена.
За производниот процес клучна е авангардната техника за процесирање, сечење и финиширање на моделите. Оптички уреди за скенирање, асортирање и дистрибуција гарантираат 60 000 парчиња на час. Спротивно од она што инстинктивно би го помислиле, т.е. дека сè е произведено во Кина или Бангладеш, 80% од производството е концентрирано во Шпанија, Португалија и Мароко со цел да ја задржи прецизноста во испорачките. Една од главните карактеристики на она што се нарекува "fast fashion" e токму брзината со која се фаќа трендот и просто кажано се копира без усул.
Денес Зара е присутна во повеќе од 80 земји и има окoлу 5500 продавници. Агресивната експанзија во земји како Австралија, Перу, Азербејџан и Тајван е само мал знак дека оваа империја допрва ќе се проширува. За љубителите на бројки, Зара во 2011 има продадено стока во вредност од 19,15 билиони долари, а сопственикот на ланецот Арманчо Ортега, син на железничар, е петтиот најбогат човек на светот.
Пред ваков монструмски систем за копирање, кој пред сè, се нуди на муштериите за смешни цени, стилистите се принудени да најдат излез. Така на пример, Гучи и Диор ја зголемуваат брзината на произведување од две до осум колекции во текот на годината за да ја сппречат леснотијата на дотогашното копирање. Долче и Габана организираат приватни ревии за своите колекции и тајно продаваат голем дел од облеката уште пред таа да излезе на пазарот. Армани на сличен начин заработува 60-70% од вкупната заработка.
Денес, модата има дава зелен картон на креативните да миксаат, да се забавуваат и да комбинираат ефтини парчиња од Зара или H&M со чевли од Луботен или ташни од Прада. И денес, креативните може да немаат Прада и Луботен. И да се облечат од глава до пети во Зара. И колкаво е задоволството кога те прашуваат "Од кај ти е фустанчево?" .
"Од Зара".
Звучи како да си го прелажал ѓаволот. И јас пак инсистирам. И во Зара и секаде треба да знаеш да одбереш. Да знаеш што треба да подзасркиеш а што да ставиш на ачик. Зашто Зара или не-Зара, мал е моментот кога наместо принцези се претвораме во карикатури на самите себе.
Ама ако ја почнам темава (меѓу другото, една од омилените) ќе треба да останам цела ноќ будна. А денес за разлика од сите останати денови не сум во некој критичарски муд. И ми се спие.
Затоа, следниот пат.
Емили, Италија