Архива

Oд каде името „макадам“?

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Стари, што беше бе тоа?

Мислиме на звукот на шестата секунда:

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Ирска поддржувa образовна програма наречена “We-Consent” за јакнење на свеста за согласноста во меѓучовечките односи. Идиотска невладина која ја изведува програмата решила со своја креатива да ја долови поентата. Видеото брзо беше повлечено, ама џабе, така тие размислуваат. Може треба прво на нотар да одат стариве.

Антиќ: На Тони Паркер не му дадоа сепаре, на нас Македонците ни дадоа

На ЕП во Литванија 2011 кога го освоија историското четврто место, Перо Антиќ ослабел 14 кила. Успехот на терен на таа легендарна екипа се должи многу на дружбата зад камерите. Кој не сакал во диско следниот ден казна. Со клупскиот автобус излегле во град и тоа за време на тој европски шампионат.

Делии во врвна форма против Баерн Минхен 1991-та

Олд скул VHS снимка од 1991-ва. Годината кога Црвена Ѕвезда стана европски шампион, а со нив богами и навивачите. Кадриве се од полуфиналето против Баерн Минхен. Многу моќно.