Како народната кинеска медицина го доби својот Нобел

Јују Ту годинава ја доби Нобеловата награда за медицина за откривањето на лек против маларија, артемисинин, на кој почнува да работи уште во 60-те за време на Виетнамската војна. Нејзина задача во тоа време е да патува по кинеските села во потрага по "тајни лекови".

"Истраживме над 2.000 кинески рецепти за подготовка на тревки и идентификувавме 640 комбинации кои имаа можни анти-малариски активности. Над 380 екстракти од 200 кинески тревки беа тестирани на глувци со маларија. Сепак, напредокот не беше лесен," изјавила Ту во интервју за журналот Нејчр од 2011-та.

Истражувачите работат по наредба на кинескиот лидер, Мао, кој пак е замолен од Виетнамците да им помогне во борбата со маларијата, која во тоа време им нанесува речиси иста штетата како и американската армија.

Ту е предводничка на еден од тимовите кои работат на наоѓањето на лекот. Нејзиниот прв успех следува по откривањето на еден антички текст за вадење артемисинин од еден вид на пелин. Во 1972-ра Ту наоѓа метод како да го извлече лекот од растението, меѓутоа во тој период Кина не дозволува клинички тестови за лекот.

Како решение, тимот на Ту волонтира да бидат првите пациенти кои ќе ја тестираат безбедноста на лекот, по што тој ќе може да продолжи на соодветните тестови. За несреќа на проектот, војната во Виетнам завршува со што и прекин на активностите околу него.

И покрај ова Ту низ цел свет ги објавува резултатите од нејзината студија, меѓутоа тоа не доведува до развивање на лекот. Дури после 30 години СЗО одлучува да му даде поддршка на лекот. Причините за одлагањето не се јасни, меѓутоа се движат некаде во комбинацијата од политичка нестабилност, немање патенти кои би ги привлекле фармацевтските компании да инвестираат, и тоа што од маларија обично страдаат сиромашните.

"Терапиите од народната медицина базирани на растенија и животни содржат стотици хемикалии, чија количина на големо може да варира од една серија до друга. Ако проработи, нема точно разбирање зошто тоа успеало и дали пак ќе успее. Ригорозноста на клиничките тестови, кои дозволуваат развој на резултати кои можат да се повторат, ги присилува истражувачите да најдат активни состојки од природен извор кој најмногу ветува. Во приказната за артемисинин Ту и нејзините колеги успеваат да го венчаат знаењето на традиционалната кинеска медицина со строгоста на модерната медицина," пишува Акшат Рати за Кварц.

6 октомври 2015 - 14:41