Таг: маларија

Францускиот аперитив кој ги штител војниците од маларија

Познат е како омилен пијалок на кралицата Елизабета Втора. Сепак, тој не е британски туку француски и е поврзан со интересна приказна која покажува дека алкохолот и тоа како може да биде добар за здравјето. 

Никој не знае што точно ќе се случи ако комарците ги истребиме до последен

Годинешнава продолжена дружба со комарците која се должеше на ретко забележаната некадарност на новиот кмет на градот и поставата околу него е на добар пат повеќе да не се повтори, и не заради претходно споменатите туку затоа што сериозно спремни и кадарни луѓе се решени комплетно да ги елиминираат комарците.

Како народната кинеска медицина го доби својот Нобел

Јују Ту годинава ја доби Нобеловата награда за медицина за откривањето на лек против маларија, артемисинин, на кој почнува да работи уште во 60-те за време на Виетнамската војна. Нејзина задача во тоа време е да патува по кинеските села во потрага по "тајни лекови".

Апликации против комарци

Бил Гејтс неодамна претстави инфографик со 15-те најсмртоносни животни на планетава. Врвот го држат комарците кои  убиваат 600.000 луѓе годишно. Па сепак, секое лето луѓето повторно се убедуваат дека може да ги спаси некоја зезалица од типот апликација за мобилен. 

Како паразитите нè манипулираат?

Малите гадови не само што знаат непоканети да се инфилтрираат како кираџии во нечиј организам туку умеат и суптилно да го насочуваат однесувањето на домаќинот во своја полза.

Интернетот не може да биде поважен од маларијата

На Бил Гејтс (Микрософт, персонални компјутери...) му е смешно што во моментов обезбедувањето на светски пристап до интернет може некому да му е поважно отколку истражувањето и борбата против маларијата.

Зошто комарецот не може да пренесе ХИВ

ХИВ вирусот може да се пренесе со инекција ама не и со онаа што ни ја боде комарецот. Да беше поинаку, дури тогаш ќе се чешавме.

Меси во борба против маларијата

Најдобриот фудбалер на светот иако периодов ќе мора да се соочи со судски процес поради неплаќање данок во Шпанија, сепак најде време да замине во Африка во хумана акција.

Историско закрепнување на Руанда

Убава здравствена приказна доаѓа од – Руанда. За една деценија успеале да ја намалат смртноста од ХИВ, туберкулоза и маларија за 80 проценти. И тоа со просечен трошок од 55 долари годишно по човек.

Во Грција се враќа маларијата

Драстичните резови во јавното здравство на Грција придонесоа во земјата да се вратат болести за кои се веруваше дека се искоренети а бројот на ХИВ позитивните меѓу зависниците да порасне за преку илјада проценти.