Интернетот не може да биде поважен од маларијата

На Бил Гејтс (Микрософт, персонални компјутери...) му е смешно што во моментов обезбедувањето на светски пристап до интернет може некому да му е поважно отколку истражувањето и борбата против маларијата.

Зборувајќи против филантропскиот пристап на голем број од луѓето што ја предводат техничката индустрија, кои сметаат дека најважно е ширењето на интернетот, Гејтс изјавил "Тоа е приоритет? Тоа е смешка."

"Хмм, кое е поважно? Конективност или вакцина за маларија? Ако ти мислиш дека конективноста е клучна, тоа е одлично. Јас не мислам така. Секако дека ги сакам ИТ работите. Ама кога сакаме да го подобриме животот, треба да се справуваш со многу поосновни работи како преживување на децата или нивно прехранување," бил одговорот на Гејтс на прашањето Фајненшл тајмс за планот да Закерберг да го поврзе цел свет на интернет.

Претходно Гејтс го критикуваше Loon проектот на Гугл (за носење интернет во земјите во развој), објаснувајќи дека интернетот нема да ти заврши многу работа ако умираш од маларија.

"Светот не е рамен, а персоналните компјутери, во хиерархијата на човековите потреби, не се во првите пет скалила," објаснил основачот на Микрософт, кој одлучи своето богатство да го подари во филантропски цели.

Иако сака да го троши своето време на филантропија, Гејтс за ФТ признал дека Микрософт му го одзема најголемиот дел од времето, посебно сега кога се уште бараат замена за Стив Балмер.

2 ноември 2013 - 13:26