Усул бе друже цариник

Либиските власти, во целиот тој хаос и војна што уште трае во земјата, уапсија двајца високи функционери од царина кои се обиделе да прошверцуваат над 26 тони злато од земјата.

Меѓу притворениците се генералниот директор на либиската царина и првиот човек на царината на аеродромот во Мисрата, кои наводно со други лица се организирале да ги изнесат десетиците тони златни шипки од земјата, чија вредност се проценува на над 2 милијарди долари.

Либија ги има четвртите по големина златни резерви во Африка кои се проценуваат на 116,6 тони. Планираната пратка претставува нешто помалку од една-четвртина од вкупни резерви.

Инаку, Либија речиси деценија и пол не може да се прибере и да излезе од хаос по убиството на нејзиниот долгогодишен лидер Муамер Гадафи во 2011, извршено по западното бомбардирање на земјата.

17 мај 2024 - 12:47