Зошто комарецот не може да пренесе ХИВ

ХИВ вирусот може да се пренесе со инекција ама не и со онаа што ни ја боде комарецот. Да беше поинаку, дури тогаш ќе се чешавме.

Од ХИВ/АИДС годишно во светот умираат околу 1,6 милиони луѓе. Билаnсот на жртвите ќе беше многукратно поголем доколку вирусот можеше да го пренесуваат комарците, исто како што тоа го прават со маларијата.

За среќа, не може.

Комарацот боде, цица крв и таа завршува во неговиот стомак каде што вирусот бива уништен од киселините. Дури и некако да преживее, не може да се врати во нечиј друг крвен систем бидејќи комарецот користи две паралелни туби, една за цицање, друга за испуштање плунка која ја спречува коагулацијата на крвта.

Ако сте го пропуштиле видеото како тоа изгледа одблизу - тука

За да биде пренесувач, комарецот треба прво да собере вирус, тој да ги преживее стомачните киселини, па да се префрли во паралелниот систем на жлезди кои лачат плунка па да биде инјектиран во друго тело.

Маларијата тоа го може. ХИВ вирусот не.

24 август 2013 - 09:46