Пороци

Живот без ризици не вреди да се живее

Британија носи закон по кој на сите кои родени по 1 јануари 2009 ДОЖИВОТНО ќе им биде забрането да купат тутунски производи. По него, во 2091 година, 83-годишник со рак во терминална фаза не ќе може да купи кутија цигари, ама затоа неговиот 84-годишен цимер ќе може. После која ли генерација со вакви закони Британците ќе станат совршени луѓе, убер- раса, никогаш дебели, никогаш пијани?

Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

Британските фанатици за јавно здравје имаат нов непријател на повидок: пурите и лулињата. Вадат статистички податоци со фабричка грешка за да ја оправадат својата намера сè што ќе им текне да биде внесено во оној закон по кој на сите родени после 2008 година доживотно им се забранува да купат тутун. Најмногу им било за децата. А никој не гледа сурија деца со лулиња во уста.     

Како да одмилиш пиво, а да не го забраниш

Намерата на законодавците од Тенеси е да го намалат бројот на сообраќајки и жртви под дејство на алкохол, со тоа што целосно ќе забранат ладење на пиво. Сè друго останува исто, па кој сака нека се прави камен од топло пиво.

Амстердам сака да легализира кокаин

За да се намали ќарот и исплатливоста на нелегалната продажба на кокаин, градоначалничката на Амстердам побара регулирање на продажбата и употребата на супстанцата, слично на формулата што беше искористена за марихуаната.

Швајцарија ќе го легализира кокаинот

Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот, признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Иако запленуваат стотици тони годишно, преплавени се со кокаин. Белото таму никогаш не било поквалитетно и поевтино. Една доза најчист кокаин се продава по цена не многу поголема од онаа за едно пиво. 

Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Новиот извештај на Обединетите нации тврди дека одгледувањето на афион и производството на опиум во Авганистан по ново е намалено за 95% откако Талибанците решија да ја забранат оваа култура.

Синалоа картелот забрани производство на фентанил

Се работи за водечкиот извозник на фентанил во САД, кој по наредба на Чапитос групата (предводена од четворицата синови на Ел Чапо) во иднина не смее ниту да произведува ниту да шверцува од крајно смртоносната дрога.

Ова со климатските промени станува сериозно

Цената на пивото (барем во Британија) веќе е порасната за 13% од пандемијата, а не само што ќе продолжи да расте туку и пивото ќе стане погрдо од тоа што е сега, е предупредувањето за тоа како глобалното затоплување ќе влијае на пивото.

Кај што нема дим, има авторитарност

На конференција на Ториевците, премиерот Риши Сунак се откажа од проектот за брзи пруги па затоа мораше да понуди нешто друго „големо.“ Понуди ригорозна политика против пушењето. „Ова е потсетување како недостатокот на политичка визија, технократи како Сунак го компензираат со тривијален авторитаризам,“ пишува во текстот „Англија без цигари е неслободна Англија.“

Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Кокаинот на пат да биде главен извоз на Колумбија

До 2022 главен извозен производ на Колумбија беше нафтата, од годинава на првото место се очекува да избие кокаинот засенувајќи го целиот останат легален извоз што излегува од земјата.

Португалија ко да се пишмани околу декриминализацијата на сите дроги

Експериментот што пред 20-на години го почна Португалија со укинување на казните за поседување и користење дрога (вклучително кокаин и хероин) е хвалоспеван и инспирација за слични проекти низ цел свет. Последно од него е дека се претера со декриминализацијата, и малку треба да се стегне.

Бад лајт веќе не е ни во топ 10 пива во Америка

Некогаш најпродаваното пиво во Америка падна од листата на 10 најпопуларни пива во земјата откако неколку месеци не може да се раатиса од маркетинг одлуката да го ангажира транс-активистот и инфлуенсер Дилан Мулвејни, за свое заштитно лице.

Талибанците ја спроведоа најуспешната акција против дрогата во човековата историја

Во 1971 американскиот претседател Ричард Никсон ја започнува „војната против дрогите“ и во следните 50 години таа не успева да направи поголема штета во авганистанските капацитети за производство и извоз на опиум. Во април 2022 Талибанците почнаа своја акција против производството на дрога во земјата, и производството речиси згасна.

Газдата на продавницата за хероин и кокаин почина од предозирање

51-годишниот Џери Мартин во Ванкувер отвори гранап за легална продажба на тешки дроги за да им даде на наркоманите пристап до чисти и квалитетни дроги, откако тие беа дозволени со канадските закони. Пред неколку дена е најден предозиран.

Ни Талибанци не можат да им го фатат крајот на американски невладини

Една од ретките добри работи што Талибанците ја прават низ Авганистан, на купот ужаси, е дека се страшно многу ефикасни во уништувањето на посевите со афион и трговијата со дрога. Е сега и тоа не им чини на американските НГО-а и експерти.

Кока-кола годишно произведува 2 милијарди долари чист кокаин?

Компанијата својот пијалак за шмек го зачинува со листови кока, од што како нус-производ се јавува чист кокаин кој вреди околу 2 милијарди долари.

Пијан возач ги тужи оние што го служеле

26-годишната Даниела Леис мртва пијана била исфрлена од концерт на Мерлин Менсон. Таква влегла во кола да вози и по пат удрила во куќа, оштетувајќи цефка за гас, што предизвикало експлозија која оштетила четири други куќи и повредила седум луѓе. Леис ништо не негира од ова освен дека таа не е виновникот.

Ќе лечиме стрес со екстази

Соочени со сериозна криза на менталното здравје, американските власти станаа сè поотворени кон истражување на лековитите својства на опојките. Први во редот психоделици што „чекаат“ дозвола за медицинска употреба се псилоцибинот и МДМА. 

Ванкувер брои ситно до отворањето на првиот дуќан за хероин и крак

Поседувањето на најтешките дроги за лична употреба на 31 јануари ќе биде декриминализирано во Британска Колумбија, па складно на тоа Ванкувер ќе ја добие својата прва продавница за хероин и крак.

Нов Зеланд на следните генераци им забрани да пушат

Нов Зеланд воведе нов закон според кој сите што се родени после 2008-ма, не сега туку никогаш во животот нема да смеат да купат цигари. Законот го следи амбициозниот план да се искорени пушењето на долг рок, но како што опаѓа продажбата на „аналогни“, расте продажбата на електронските цигари. 

Попе, како порното?

Првиот човек на Католичката црква не само што призна дека свештеници, калуѓерки и останато свештенство гледаат порно, туку и ги замоли малку да олабават со тоа.

Ако не можеш да му веруваш на дилер на кокаин, кому да му веруваш?

Тројца релативно млади но апсолутно спремни Њујорчани, пишале на дилер на кокаин со цел да „наредат“, и така им се паднала мешавина каде имало и фентанил. А, „да се стави фентанил во кокаинот е како да се капне цијанид во пијачката“ појаснува таткото на една од жртвите. Остатокот од приказната е лесно предвидлив и нема среќен крај. 

Што сe случува кога смртници сакаат да пијат колку Черчил?

Мечка страв- мене не страв, двајца ентузијасти решаваат еден ден да испијат колку што пиел Черчил. А тој пиел цел ден, секој ден. Едниот од авантуристите завршува со врзан јазик и заблуда дека е смешен, а другиот признава дека утредента се истурил од повраќање.