После дупка од две децении, Велес лани доби кино. Бадијала.
Во просек секоја кино проекција ја гледале само 15,5 гледачи, а секој прикажан филм само по 113,8 гледачи.
„Очигледно дека паузата од безмалку две децении без редовна кино прикажувачка дејност во градот, остави силна трага во навиките на велешани да гледаат филмови. Ниту најновите светски хитови не се предизвик да се посети киното. Во однос на реакциите на некои граѓани за цената на билетот која е 200 денари, таа и иста во сите кина во Македонија“, велат ретките кино вљубениците од Велес.
Малиот математички генијалец Македон Димитровски освои златен медал на Математичката олимпијада за основни училишта од САД.
Македон на натпреварот учествуваше преку училиштето „НОВА“ каде што доби целосна стипендија за образование обезбедена од компанијата Пантелеон ГС и „НОВА“.
Оваа математичка олимпијада постои од 1979 година и претставува едно од најпознатите натпреварувања од областа на математиката во САД и во целиот свет, на кое секоја година учествуваат над 120.000 ученици од повеќе од 39 земји.
3-4 дена, вклучително и деновите на викендот, на температури од 35 степени, луѓето во Стар Дојдан беа оставени без вода.
„Водата тешко се пробива до повисоките делови...“ го пренесува Телма градоначалникот Анго Ангов. Мислиш на Килиманџаро треба да се качи водата.
На неговото последно гостување во утринската програма на Канал 5, на сите прашања (за водата, колекторот, странските донациии...) градоначалникот одговараше дека нема место за загриженост на граѓаните.