Наука

ЦЕРН ќе врти на денот на соларното затемнување

4 милијарди долари вредниот акцелератор има закажано термин на 8 април да биде пуштен во погон за да провери да не случајно може да открие некоја нова честичка за време на целосното затемнување на Сонцето што дента треба да се случи.

Во 2023 повлечени над 10.000 објавени научни студии

За прв пат во историјата, во 2023 научните журнали повлекоа над 10.000 студии што ги имаа објавено истата година, и тоа е на штета и на науката и на медицината и на развојот на лекови.

Научници одгледале лабораториски тестиси

Научници успешно одгледале „тестиси во тегла“ кои еден ден би можеле да помогнат во решавањето на машката неплодност, која погодува секој 12-ти маж ширум светот. Башка, тие вештачки тестиси би биле драгоцени за луѓе што се занимаваат со македонската политика или пак им се дадени институции на раководење. Ах, како јако ќе изгледа официјалното пречекување на вештачките тестиси на некој наш граничен премин.

Тома беше во право: Два смо света различита

Истражувачи во Стенфорд покажале дека машкиот и женскиот мозок сепак функционираат различно, што е сериозен нокдаун за оние кругови кои сакаа да ја потценат биолошката основа на човечкиот идентитет и да го сведат на социјален конструкт. Се разбира, и натаму секој може да се чувствува како сака, само што науката ќе може да утврди дали мозокот му е машки или женски. Ако му го најде.

На глобално затоплување ќе треба да почекаме

Затоплувањето на планетата нема да се случи баш така брзо како што се очекуваше. Науката само што откри дека растенијата ќе апсорбираат повеќе јаглерод диоксид отколку што првично се пресметуваше па важечките модели ја преценуваат брзината со која ќе се одвива процесот. 

Кинеските научници пак чепкаат по вируси

Работејќи со примероци од глодари собрани само од  јужниот кинески остров Хајнан, кинеските научници успеале да откријат 8 вируси кои до сега не сме ни знаеле дека постојат, од кои еден е од исто семејство со ковид.

Можно ли е целиот универзум да е црна дупка?

Двајца научници решиле да го мапираат целиот универзум и да прикажат како стојат работите. Го направиле тоа а резултатите од нивната табела водат кон прилично зачудувачки прашања за црните дупки. Дали универзумот во кој живееме може да биде една голема црна дупка?

Кина и Индија се тужакаат кој подобро паркирал на Месечината

Индискиот Чандрајан-3 минатиот месец стана прво летало кое слетало во близина на крајно посакуваниот Јужен пол на Месечината и со тоа да го сруши кинескиот рекорд за најјужно слетување. Кинезите сега тврдат дека Индијците лажат.

Село гори, Москва оди на Месечината

По 47 години нула активност, руската вселенска агенција во петок ќе го лансира своето месечинско возило со мисија да слета на јужниот пол на Месечината каде се верува дека има потенцијален извор на вода.

Нобеловец против климатската хистерија

Ко-добитникот на Нобеловата награда за физика за 2022 година жестоко го нападна наративот за „климатска вонредна состојба“, нарекувајќи го „опасна корупција на науката што ја загрозува светската економија и благосостојбата на милијарди луѓе“. Др. Џон Клаузер забележува дека погрешната климатска наука „метастазирала во огромна шок-новинарска псевдонаука“.

Заврши 25 годишна опклада меѓу научник и филозоф

Пред многу, многу години, филозоф и научник се кладеле дали до оваа година науката ќе знае како се формира човечката свест. Научникот бил убеден дека до 2023 година, науката ќе ја реши оваа непознаница, филозофот се сомневал во тоа. Победил филозофот.

Повлечени се преку 300 студии за ковид

Поради незапамтениот интерес за една болест како што беше ковидот, истражувачи штанцаа и им беа објавувани студии кои не задоволуваат ни минимални научни стандарди или пак биле етички спорни. Сега полека се расчистува теренот но штетата ќе трае долго: дури и повлечените студии продолжуваат да бидат цитирани.  

Ќе ни земаат ли ДНК од воздух?

Од чаша вода од поток може да се реконструира генетското потекло на луѓето кои живеат околу потокот. А од воздух во една канцеларија може да се рекоснтруираат целосни ДНК профили на оние кои биле или поминале низ канцеларијата. Весело.

Готово е, прочитани сме

Тренирале модел со податоци од мозочните активности при гледање видеа. Успеале да реконструираат видео со маче, директно од мозочните сигнали на субјект кој гледал видео со маче. Да напоменеме, ова е само почеток на техниката за читање мисли со помош на вештачката интелигенција.

Политичката алхемија е појака од научната хемија

Шпански универзитет на 13 години без плата суспендираше свој професор, еден од најцитираните научници во светот. Причина: научно соработувал со институции од земји кои го гребат западното уво: Русија и Саудиска Арабија. Таман нè фатија асоцијации со црниот комунизам, еден наш умен човек нè потсети дека инквизицијата оригинално е шпански изум.

Медицинската наука е полна со фалц истражувања

Фасцинантна е бројката на делумно или комплетно фабрикувани научни истражувања кои се објавуваат во бројните научни магазини по светов. Некои од нив се вклучени во највлијателните студии на кои се потпира клиничката пракса. Додека се повлечат, знае да трае и со години. Во меѓувреме, милиони пациенти можеби добиваат погрешен третман.

Ричард Докинс: Зошто се залагам за наука

За да покаже инклузивност, Нов Зеланд спроведе образовна реформа во која домородните знаења на Маорите се изедначуваат со знаењата од науката, која се претставува како „западна“. Така, на часовите за наука, учениците ќе учат и дека сиот живот пулсира со витална сила дадена од Мајката Земја и Таткото Небо. 

Да, вирусот ќе да е од лабораторија

Автори на два извештаја за Обединетите наци за потеклото на пандемијата напишаа дека истекување од лабораторија е најверојатна причина за нашата средба со ковидот. И не само тоа. Ги обвинија научниците од САД и Британија дека ѝ помогнале на Кина да ја задуши дебатата по ова прашање.

Најдобро рангираните европски универзитети

Европа има 36 во глобалната листа од топ 100 врвни универзитети. Кина има седум. Оксфорд повторно е најдобар.  Рангирани биле речиси 1.800 универзитети ширум светот. Најзаслужено во свет, нас нè нема никаде.

Научници оживеале зомби-вирус кој бил закопан во мраз 50.000 години

Одмрзнувањето на таканаречениот вечен мраз односно пермафрост поради климатските промени може да носи и поинакви закани за луѓето, од оние кои веќе ги знаеме. Истражувачи оживеале речиси дузина вируси - вклучително и еден замрзнат под езеро пред повеќе од 48.500 години.

Ако ја хакнеме фотосинтезата, ќе имаме ли за јадење?

Научниците обидуваат да ги научат старите култури на некои нови трикови кои ќе им овозможат да преживеат во потешки услови - вртејќи се кон се кон тајните на растенијата како ананас, орхидеи и агаве.

Земјата не е рамна, ама универзумот е?

Полесно е да ве убедиме дека Адам бил направен од кал а Ева од ребро, ама елате да прочитате што вика еден угледен професор од Принстон. Дека ок, локално сме топчести, ама затоа глобално, сè во овој универзум ни е рамно, да порамно (речиси) не може да биде.   

Коронавирусот има знаци на генетски инженеринг

Во добар дел од пандемијата, ако некој се посомневаше во природноста на коронавирусот, веднаш беше ставан во екипата која верува и во рамна земја и други конспирации. „Економист“ сега пренесува нова студија која вели дека за да се дојде до толку долг геном каков што го има овој вирус, некој требало да го склопи.  

Старшип, назад во гаража

Тестирањето на вселенскиот брод на СпејсИкс, Старшип, вчера заврши со масовна експлозија на космодромот во Тексас и признание од Илон Маск дека „ова не е добро“.