Curiosity killed the cat

Научници оживеале зомби-вирус кој бил закопан во мраз 50.000 години

Одмрзнувањето на таканаречениот вечен мраз односно пермафрост поради климатските промени може да носи и поинакви закани за луѓето, од оние кои веќе ги знаеме. Истражувачи оживеале речиси дузина вируси - вклучително и еден замрзнат под езеро пред повеќе од 48.500 години.

Европски истражувачи испитувале примероци собрани од сибирскиот пермафрост во Русија. Оживеале и категоризирале 13 нови патогени, кои ги нарекоа „зомби вируси“, откривајќи дека дека тие останале заразни и покрај тоа што поминале толку милениуми заробени во замрзнатото тло.

Научниците долго време предупредуваат дека одмрзнувањето на вечниот мраз поради атмосферското затоплување ќе ги влоши климатските промени со ослободување на претходно заробените стакленички гасови како метанот. Но, ефектот врз заспаните патогени помалку го разбираме.

Тимот истражувачи велат дека биолошкиот ризик од реанимирање на вирусите кои ги нашле е занемарлив бидејќи се работи за такви кои се способни да заразат микроби на амеба. Но со екстраполирање на нивната работа може да се покаже дека заживување на вируси што би можеле да заразат животни или луѓе е реална.

Невозможно е да се предвиди што сè ќе се ослободи од одмрзнатиот мраз но ризикот сигурно ќе се зголува со забрзувањето на топењето и сè почестото населување на Арктикот, заради новите индустриси потенцијали кои тој ги отвора.

1 декември 2022 - 16:20