Заврши 25 годишна опклада меѓу научник и филозоф

Пред многу, многу години, филозоф и научник се кладеле дали до оваа година науката ќе знае како се формира човечката свест. Научникот бил убеден дека до 2023 година, науката ќе ја реши оваа непознаница, филозофот се сомневал во тоа. Победил филозофот.

На 25-годишен научен облог му дојде крајот.

Во 1998 година, невронаучникот Кристоф Кох се обложил со филозофот Дејвид Чалмерс дека механизмот со кој мозочните неврони произведуваат свест ќе биде откриен до 2023 година.

Деновиве јавно се согласија дека таа задача и натаму не е решена  и Асоцијацијата за научно проучување на свеста за победник да го прогласи Чалмерс.

„Свеста е сè што човекот го доживува - што вкусува, слуша, чувствува и многу повеќе. Тоа е она што им дава смисла и вредност на нашите животи“, вели Чалмерс.

И покрај огромниот напор во текот на последните 25 години, истражувачите сè уште не разбираат како нашиот мозок ја произведува свеста.

Во времето кога Кох го предложил облогот, одредени технолошки достигнувања го направиле оптимист за решавање на мистеријата. На сцената се појави функционална магнетна резонанца (fMRI), која ги мери малите промени во протокот поврзани со мозочната активност и оптогенетиката - која им овозможи на научниците да стимулираат одредени групи на неврони во мозок на животни како што се нечовечките примати.

„Бев освоен од сите овие техники“, вели тој. „Помислив: 25 години од сега? Нема проблем," се сеќава Кох.

Облогот конечно го решила една нова студија која ги испитувала двете водечки теории за создавање на свеста чии резултати сугерирале дека и двете теории треба да се ревидираат.

26 јуни 2023 - 20:58