Готово е, прочитани сме

Тренирале модел со податоци од мозочните активности при гледање видеа. Успеале да реконструираат видео со маче, директно од мозочните сигнали на субјект кој гледал видео со маче. Да напоменеме, ова е само почеток на техниката за читање мисли со помош на вештачката интелигенција.

Неколкумина научници Сингапурќани и нивни колеги од Хонг Конг користеле податоци од магнетна резонанца кои ги пуштиле во ВИ модел за трансформација на „текст во слика“ за на крајот да создадат модел „MinD-Video“ за генерирање видео содржини со висок квалитет од читања на мозокот.

Нивната веб демонстрација на експериментот покажува паралела помеѓу видеата што им биле прикажани на субјектите и видеата генерирани од вештачката интелигенција создадени врз основа на нивната мозочна активност. Разликите помеѓу двете видеа се мали а ова е само почеток на читање на мислите.

За да го обучат системот, истражувачите користеле јавно достапна база на видеа и мозочни читања на fMRI од испитаниците кои ги гледале. Системот се состои од обучен fMRI енкодер и фино подесена верзија на Stable Diffusion, широко користен модел за ВИ генерирање слики.

Освен со мачиња, биле „реконструирани“ и поинакви видеа и секогаш се добивале висококвалитетни реконструкции, во поглед на движењата, динамиката и колоритот на содржините.

Сè на сè, во оваа фаза се добиваат видеа со точност од  85%.

24 мај 2023 - 07:53