Ако ја хакнеме фотосинтезата, ќе имаме ли за јадење?

Научниците обидуваат да ги научат старите култури на некои нови трикови кои ќе им овозможат да преживеат во потешки услови - вртејќи се кон се кон тајните на растенијата како ананас, орхидеи и агаве.

Изминатото лето (повторно) беше главно жешко и сушно, поради што во некои делови на планетава, како во САД на пример, приносите беа намалени за една третина. Тоа е сценарио кое најверојатно ќе стане вообичаено поради климатските околности кои светов го прават сè потопло и посуво место.

Научниците сега обидуваат да ги научат старите култури на некои нови трикови кои ќе им овозможат да преживеат во потешки услови - вртејќи се кон се кон тајните на растенијата како ананас, орхидеја и агаве. Тие ја пробиле фотосинтезата на начини што им овозможуваат да живеат кога е топло и суво, па да издржат и екстремни суши.

Работата е далаку од тоа да биде готова но може да биде од витално значење со оглед и на климатските промени и на сè поголемиот број жители на планетава кои ќе треба да се хранат.

Фотосинтезата користи сончева светлина, вода и јаглерод диоксид за да создаде шеќери и други молекули што им се потребни на растенијата. Но, во суви или топли средини, таа е проблематична: за да прими јаглерод диоксид, растението мора да ги чува отворени порите на нивните лисја. Но, преку истите тие пори истовремено губи вода.

Фотосинтезата се случува во две главни фази и тоа им дава некаква надеж на научниците. Во првиот дел од фотосинтезата, наречен „реакции на светлина“, растението фаќа фотони од сонцето. Главната поента на оваа фаза е да се создадат молекули за складирање енергија кои ќе ги поттикнат реакциите во следниот чекор. Слично на полнење резервоар со бензин за да можете да бидете подготвени. Втората фаза од процесот, „темните реакции“, не бара светлина. Ензимот наречен рубиско зграпчува јаглерод диоксид кој навлегол во листот и го прикачува на молекула позната како RuBP. Енергијата на сончевата светлина што била заробена и складирана се користи за поттикнување на реакции кои создаваат шеќер од јаглеродот. Растението може да ги користи шеќерите за да направи посложени молекули. Оваа верзија на фотосинтезата е начинот на кој 85 проценти од сите растенија ги прават работите, вклучувајќи ги повеќето дрвја и повеќето главни прехранбени култури - ориз, пченица, соја итн.

Меѓутоа, ако порите се затворат, концентрацијата на CO2 во листот опаѓа и има помалку материјал за фотосинтеза. Уште полошо, во такви услови, наведениот ензим почнува да зграпчува кислород, процес наречен фотореспирација, при кој растението треба да исфрли дел од јаглеродот што е макотрпно собран.

Некои растенија имаат „смислено“ два начина за надминување на проблемот, а научниците се надеваат дека ќе ги искористат и двата. Некои растенија внесуваат CO2 во текот на ноќта, додека е релативно ладно, а други концентрираат и складираат јаглерод диоксид во специјализирани ќелии, со што се избегнува непотребната фотореспирација.

22 ноември 2022 - 12:11